Златна Бубамара на популарноста го објави постерот за 19-то специјално издание

zlatna-bubamara-na-popularnosta-go-objavi-posterot-za-19-specijalno-izdanie.jpg

Најочекуваната и најпосакуваната манифестација во нашата лепена, сечена и демонтирана република го објави овогодишниот постер на кој се наоѓаат дел од лицата кои ќе пропеат и на бината во Метро ПОЛИС арената.

Овогодишното мото на Златна бубамара е “ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ”

Ограничениот број билети за оваа година се продадоа за рекордни 4 минути преку сервисот на МК – ТИКЕТС, останатиот број билети ќе бидат распоредени за значајни гости ,бизнисмени и луѓе од јавниот живот и културата во Македонија и на Балканот.

Одложена ТВ снимка од настанот традиционално ќе се емитува на КАНАЛ 5 во недела од 20 часот Настанот ќе се одржи во четврток во 20 часот во МЕТРОПОЛИС АРЕНАТА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg