Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


IAB Македонија го најавува третото IAB Networking Café

IAB Networking Café е одлична можност за запознавање со успешни интерактивни кампањи, добри практики и нови иновации на домашниот дигитален пазар.

iab-makedonija-go-najavuva-tretoto-iab-cafe-01.jpg

Здружението за интерактивно огласување IAB Македонија, по трет пат ќе го одржи настанот IAB Networking Café каде што преку успешни локални примери и студии на случај ќе ѝ помогне на бизнис заедницата подобро да се запознае со дигиталното огласување.

Целта на овој настан е преку домашни примери да се покаже моќта на дигиталните медиуми и алатките за интерактивно огласување и да се помогне во развој на македонскиот дигитален пазар на огласување.

На третото IAB Networking Café своите успешни студии на случај од областа на интерактивното огласување ќе ги презентираат:

  • Ира Стефанов Бабиќ, претставник на агенцијата Brand Union, на тема “Гранап у наше маало” каде што ќе зборува за примената и важноста на друштвените канали во една маркетинг стратегија, и
  • Филип Младеновски, претставник на агенцијата Universal Media, кој ќе го објасни користењето на интерактивното огласување за постигнување на целите на проектот “Vip – партнер на македонскиот ракомет”

Настанот ќе се оддржи во Траториа да Галиа (на ул. Водњанска бр. 1) во Скопје на 7-ми април со почеток од 17.30 ч.

Освен членовите на IAB Македонија, на настанот се поканети и сите компании кои сакаат со нив да разменат искуства и корисни информации поврзани со дигиталното огласување. Влезот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет на локалот, потребно е вашето место да го резервирате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


ЗА IAB МАКЕДОНИЈА

IAB Македонија е здружение за интерактивно огласување, посветено на развивањето и унапредувањето на дигиталното огласување во Македонија. Здружението е формирано од страна на повеќе дигитални и маркетинг агенции во Македонија, а има за цел да стане почитуван авторитет за дигиталните и интерактивните прашања на пазарот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg