Резервирајте ја сабота за големото извлекување од наградната игра на Бимилк ‘‘Авантурите на Битолското чупе‘‘

Сабота е убав ден за прошетка, сабота е семеен ден, посветен за другарување, ден за смеа и забава. Оваа сабота благодарение на Бимилк, додаваме една новина во вообичаените саботни активности, а тоа е доделувањето награди! 

rezervirajte-ja-sabota-za-golemoto-izvlekuvanje-od-nagradnata-igra-na-bimilk.jpg

На 7 мај, на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12 часот, Битолското чупе ќе ги извлече добитниците од големата наградна игра „Авантурите на Битолското чупе“ кои сите долго ги очекуваме.

После големата авантура, Битолскот чупе конечно е во Скопје и заедно со Бимилк ќе обезбеди добра забава, многу изненадувања и интересна програма низ која ќе не води Драган Мијалковски.

За сите оние кои во сабота нема да бидат во Скопје, Бимилк обезбеди ексклузивен пренос во живо кој можете да го следите преку Фејсбук на следниов линк.

Собиравме сликички, бевме вредни, го пиевме Битолското млеко со 10 витамини, останува уште да видиме кои ќе бидат среќните добитници од наградната игра и ќе го добијат патувањето во Зоолошката во Берлин како и многу други вредни награди. Затоа, во сабота, сите на школка!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg