Publicis One & MSLGROUP втора година по ред ќе го поддржат Golden Drum како ексклузивен ПР Агенциски мрежен партнер

4.08.2016-Следејќи го успехот на минатогодишната соработка, Publicis One и MSLGROUP уште еднаш ќе ги здружат силите со Golden Drum интернационалниот адвертајзинг фестивал-еден од светските најреномирани креативни натпревари – како негов ексклузивен ПР агенциски мрежен партнер.

publicis-one-mslgroup-vtora-godina-po-red-ke-go-poddrzat-golden-drum-kako-ekskluziven-pr-agenciski-mrezen-partner-1.jpg

Задачата оваа година за MSLGROUP, регионалната водечка ПР агенциска мрежа е да ги поврзе 23-иот Golden Drum и годинашната фестивалска тема „Инспирирани да инспирираат“ каде преку пазарите, отвораат нови начини и најдобри практики за поврзување со локалните креативни заедници. 23-иот Golden Drum интернационален фестивал на креативноста, организиран од Словенечката рекламна комора, ќе се одржи од 18 до 21 октомври 2016 година во Љубљана, зелената престолнина на Европа за 2016 година, Словенија.

Фестивалот Golden Drum и MSLGROUP ќе работат заеднички за да го промовираат фестивалот низ повеќе од 37 пазари во Европа, Русија и заеднички ќе ја креираат натпреварувачката успешна приказна.

Миша Лукиќ, Извршниот директор за централно-источна Европа на Publicis One, гледа одлични можности кои лежат пред овие партнерства со Golden Drum: „Добрата енергија, креативните луѓе и работата со висок квалитет се моите први асоцијации за Golden Drum. Високите критериуми во евалуацијата, жирито составено од врвни професионалци, инспиративните теми и предавачи се главните карактеристики на овој фестивал. Golden Drum е секогаш добра можност да направите пауза од секојдневните обврски во период од неколку дена и да се потсетите зошто навистина ја сакате вашата работа“.

Мојца Бришчик, Генерален директор на фестивалот Golden Drum и Извршен директор на Словенечката рекламна комора, им посака добредојде на годинешните партнери: „Фестивалот Golden Drum ги премина границите на адвертајзингот и влезе во светот на креативноста во многу поширока смисла. Овие и други важни промени ќе бидат соодветно објавени и прифатени во сите 37 земји каде сме присутни, меѓу кои и информацијата дека решивме да се обнови и прошири соработката со Publicis One и MSLGROUP. Медијското и комуникациското партнерство е од посебна важност за нас денес, бидејќи сите се трудиме да изградиме и инвестираме во локалниот квалитет применувајќи ги најдобрите светски практики. Наше најголемо задоволство е да му посакаме добредојде на Себастиан Хејновски, Извршен директор на MSLGROUP за централна и источна Европа, како дел од Golden Drum семејството“.

Golden Drum Интернационалниот адвертајзинг фестивал, е еден од најголемите рекламни фестивали во Европа, каде секоја година се среќаваат над 900 експерти од областа на маркетингот, рекламирањето, креативци, дизајнери, млади таленти и студенти. Во текот на четири дена, годишниот фестивал нуди широк спектар на квалитетна програма со голем број реномирани и мулти наградувани гости говорници и нуди најголем преглед на креативни реклами од 37 земји. Ова е совршена можност да се здобиете со големо искуство за учење, да креирате нови пријателства и мрежи кои овозможуваат уживање во културната мешавина, како и можност да очекуваме некои дополнителни изненадувања.

Важни дати:

Влез и регистрација: отворени

Краен термин за регистрација: 29 август 2016

Краен термин за рана регистрација за делегати: 20 септември 2016

Повеќе информации за Golden Drum на: www.goldendrum.com.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg