Студентски филмови на Cinedays

Овие денови во Скопје во кината Милениу и МКЦ се одржува 15-тиот по ред Cinedays.

studentski-filmovi-na-cinedays-1.jpg

Убави филмови и набиена програма која се чека цела година а трае само 10 дена, како што вели слоганот на фестивалот.

Меѓу останатите проекции во џебното кино се прикажуваат и студентски филмови од нашите факултети ESRA и “Гоце Делчев” од Штип.

Сакаме да го издвоиме филмот “Дете” кој ќе се прикажува на 15-ти Ноември (Вторник).

Овој филм веќе доживеа прекрасна премиера во Кинотеката на Македонија во средината на Септември, а сите оние кои не го видоа филмот имаат препорака да не ја пропуштат оваа прилика.

Филмот е симпатична приказна за еден гејмер и неговата девојка кои не сакаат да се откажат од својата младост и воспоставениот меланхоличен начин на живеење. Дополнителните улоги одлично го зачинуваат дејствието, каде се приметува уживање на глумците и давањето на свој максимум.

Сценариото мошне успешно го доловува секојдневието на едно Македонско семејство а техничките решенија на режијата и монтажата се оптимално вклопени во рамки на буџетските можности (филмот е снимен без буџет).

На гледачите можеме да им препорачаме дека себе-препознавањето во приказната е на прва топка, а истенчениот хумор ќе Ви причини одлично поминати триесетина минути.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg