Mask’n’Mall и вредни награди во Skopje City Mall

И оваа година Skopje City Mall ќе го одбележи Денот на шегата со многу забава и избор за најубава маска. На 1-ви април, сабота, во нашиот најголем трговски центар ќе биде поставено катче каде што сите маскирани ќе имаат можност да се фотографираат, а фотографиите на крајот од денот во 22 часот ќе бидат објавени на официјалната фејсбук страна на SCM: Facebook.com/skopjecitymall. Фановите ќе можат да гласаат со лајкување на фотографиите, a првите три фотографии кои ќе бидат најлајкувани ќе добијат награди - вредносен ваучер од 18.000 денари за прво освоено место, за второ место ваучер од 9.000,00 денари а за третото место вредносен ваучер од 6.000 денари.

mask-n-mall-i-vredni-nagradi-vo-skopje-city-mall-1.jpg

Освен тоа, во 12:00 и 19:00 часот Skopje City Mall за најмладите организира забавна активност Kids Disco, каде што дечињата ќе имаат можност во своите маски и костуми да се забавуваат под диско топка заедно со омилените јунаци од цртаните филмови. Дополнително ќе има и facepainting артисти за сите кои немаат подготвена маска, балони и други интересни активности.

“Mask’n’Мall прерасна во традиционален настан со кој Skopje City Mall го одбележува Светскиот ден на шегата. Идејата е покрај забавата под маски која е подеднакво интересна и за децата и за возрасните, посетителите да имаат можност да добијат и вредни награди за својата креативност. Ги повикуваме сите да го искористат викендот и да дојдат со своите семејства да се забавуваат, да ги покажат своите интересни костуми и да уживаат во активностите кои ги подготвивме.” - изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg