Хуманитарна акција за поддршка на развојот на младите од социјално ранливите категории

humanitarna-akcija-za-poddrshka-na-razvojot-na-mladite-od-socijalno-ranlivite-kategorii-01.JPG

Скопје Мериот Хотел со задоволство го најавува своето учество во најголемата добротворна кампањата на Мериот Интернационал - „You Eat We Give“, која се случува на ниво на цела Европа, во вкупно 110 Мериот хотели.

Преку хуманитарната акција наречена „You Eat We Give“, со порачување на кој било оброк во Дистрикт бар и ресторан сочинет од 3 различни јадења, 1 евро се донира на СОС Детското село, а средствата се наменети за поддршка на младите лица згрижени во организацијата и поттикнување на нивната понатамошна кариера и самостоен живот.

Кампањата „You Eat We Give“ е во рамки на глобалната иницијатива на Мериот „Свет на можности“ (World of Opportunities), чија цел е да се справи со невработеноста на младите преку донации на партнерските добротворни организации.

„Чест ни е што и Скопје Мериот Хотел е дел од оваа хумана иницијатива, за која верувам дека дополнително ќе ги поттикне нашите гости да се солидаризираат со младите од СОС Детското село. Ги покануваме сите да учествуваат во акцијата ‘You Eat We Give’ бидејќи преку неа тие не само што ќе уживаат во својот оброк, туку истовремено и ќе се чувствуваат добро, затоа што заедно со нас ќе имаат можност да чинат добро и да помогнат во финансирање на различни програми кои ги поддржуваат младите луѓе од социјално ранливите категории“, вели Хрипсиме Ховакимјан Кузеска, маркетинг менаџер во Скопје Мериот Хотел.

Инаку досега, гостите и посетителите на Мериот успеаја да соберат 1,8 милиони евра откако е лансирана кампањата „You Eat We Give“ во 2012 година, а минатата година само беа донирани 226.000 евра. Покрај ова, вработените на Мериот волонтираа дополнителни 50.000 работни часови, помагајќи им на младите луѓе на патот кон својата кариера.

Хуманитарната иницијатива ќе трае од 1-ви септември до 31-ви октомври, а заедничката цел на сите хотели е да се соберат 250.000 евра за 2017 година.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg