Утре сите на голема забава во Skopje City Mall!

Skopje City Mall слави 5 години од отворањето на трговскиот центар и по тој повод организира тридневен шопинг фестивал, ултра-спектакуларно музичко шоу со многу изненадувања, Late night shopping, Fashion Hunt и Семеен ден со забава за најмладите.

utre-site-na-golema-zabava-vo-skopje-city-mall-01.jpg

Она коешто со посебен интерес ја привлече јавноста е ретро забавата Хит за 5 од 90-те години, каде после долги години Skopje City Mall и Мартин Трпчевски успеаа да ги соберат на сцена изведувачите кои имаат оставено голем белег на музиката. Во сабота на 7-ми октомври со почеток од 21:00 часот, со своите најголеми ретро хитови ќе настапат Дарио, Угро, Пере Нокаут, Искра Трпева, Тамара, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Александар Митевски, Гиш, Фиц Студени нозе, Верица Пандиловска, Ристо Самарџиев, Ребека, Peace Brothers, како и многу други.

utre-site-na-golema-zabava-vo-skopje-city-mall-03.jpg

За крај на вечерта ќе настапи и еден од најголемите диџеи на денешницата, DJ James Zabiela, со почеток од 23:00 часот. Од Skopje City Mall се погрижија просторот пред трговскиот центар да биде покриен во случај на дожд, а паркингот ќе биде бесплатен по 20:00 часот.

utre-site-na-golema-zabava-vo-skopje-city-mall-04.jpg

Почнувајќи од денес па сѐ до 8-ми октомври сите љубители на шопингот ќе можат да ги искористат големите попусти и да купуваат во продавниците на своите омилени брендови во Skopje City Mall. Роденденскиот Late night shopping ќе започнe во сабота на 7-ми октомври од 18:00 часот и ќе трае до полноќ. Намалувањата ќе се движат и до -50% на одредени парчиња и производи од 130 продавници и киосци. Дел од нив се Bitsiani, Fashion&Friends, Bella, Coincasa, Springfield, Jack&Jones, Adidas, Mac, Nine west, Bata, Geox, Celio, Peko, Mango и многу други. Покрај попустите и богатата програма, за време на Late night shopping-от, посетителите ќе можат да се освежат со бесплатен коктел со секоја приложена фискална сметка од над 500 денари.

Истиот ден од 18:00 до 22:00 часот во просторот помеѓу Fashion&Friends и Zara, ќе биде спроведена и една “Модна потрага”, каде актерите Тино и Атанас ќе ловат посетители кои ќе го прифатат стилскиот предизвик. Учесниците, во женска и машка категорија ќе бидат оценувани од жири комисијата составена од: Александар Билјановски Дадар, Сретен Костиќ, Сергеј Варошлија, Андреј Папаз, Елена Стефановска и Марија Илиќ. Најстилските учесници ќе добијат вредни награди и тоа: Награди во женска категорија – вредносен ваучер од 400 евра од Bella, месечна членарина во Мериот Скопје Фитнес центар, 2 билета за следните 5 Lady’s Night промоции во Cineplexx. Награди во машка категорија – вредносен ваучер од 400 евра од Signori, месечна членарина во Мериот Скопје Фитнес центар, 2 билета за следните 5 Men’s Night прoмоции во Cineplexx.

utre-site-na-golema-zabava-vo-skopje-city-mall-02.jpg

Недела е денот резервиран за семејството, па така најмалите ќе можат да уживаат во настапот на Петко и бендот 5+, со почеток од 13:00 часот. Во сабота во 19:00 часот и во недела во 12:00 часот, ќе се одржи и креативна готварска работилница “Мајсториите на малиот шеф”, каде ќе се подготвуваат палачинки, ќе има натпревар во брзо јадење, ќе се прават етикети за тегли, ќе се одржи натпревар во брзо приготвување на есенски детски канапеи со ајвар. Следуваат и голем број изненадувања за најмладите.

Од Skopje City Mall ги повикуваат сите да дојдат од денес до 8-ми октомври во трговскиот центар, да уживаат во богатата програма и заедно да го прослават петтиот роденден на нашиот најголем трговски центар. За повеќе информации посетете ја официјалната страна на Skopje City Mall и нивната официјална Фејсбук фан страна.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg