iPhone X настан на полноќ - Кажи ѝ здраво на иднината

Доаѓањето на iPhone X ја тресе и Македонија. Сè е спремно за големата премиера на домашен терен, а првиот сопственик на iPhone X ќе биде оној кој прв ќе пристигне пред продавницата на iSTYLE Apple Premium Reseller во Skopje City Mall, ноќта помеѓу 23 и 24 ноември. Официјалниот почеток на продажбата на овој модел е закажан во четврток по полноќ, во продавницата на iSTYLE.

iphone-x-nastan-na-polnokj-kazi-i-zdravo-na-idninata-1.png

Да се чека во ред не е само поради потребата за овој телефон, туку и задоволството и самиот престиж. Ова најдобро се објаснува со фактот дека ова дефинитивно е најбараниот паметен телефон во светот. Поради предвидената преголема заинтересираност за iPhone X, во продавницата на iSTYLE во Skopje City Mall, организиран е посебен настан по овој повод.

Имено на 23 ноември со почеток во 23 часот ќе биде организиран iPhone X настан, пред самиот почеток на продажбата на полноќ, кој го најавува официјалното доаѓање на iPhone X и можност за купување на истиот, а привите 100 посетители ќе добијат ВАУЧЕР со 10% попуст на сите оригинални заштитни футроли за iPhone.

Најнестрпливите веќе ги направија своите преднарачки на http://www.istyle.eu/mk/apple-iphone-x.html и истите ќе бидат во можност овој петок, да го дочекаат со новиот уред и да го уживаат своето секојдневие на еден поинаков начин, низ призмата на iPhone X.

iphone-x-nastan-na-polnokj-kazi-i-zdravo-na-idninata-2.jpg

За сите оние кои ќе бидат дел од лансирањето на новиот iPhone X, покрај ваучерот за првите 100 посетители ќе следи и бесплатна лименка Red Bull, а ќе бидат и дел од многуте изненадувања истата вечер.

Овој модел се одликува со единствен дизајн, лесно користење и совршен спој на хардверот и софтверот. iPhone X има 5,8 – инчи  Super Retina HD екран од ивица до ивица, со HDR и True Ton технологија, како и куќиште од најиздржливото стакло некогаш искористено кај паметен телефон, со профил од хирушки челик. Бежично се полни и е отпорен на прскање и прашина. Тука се и двојните камери од 12 MP со оптички стабилизациона слика за сјајни фотографии при слабо осветлување, TrueDepth камера и новата функција за осветлување портрети, како и напредно препознавање на лице, кое овозможува сигурно отклучување на iPhone X со еден поглед.

Моќноста на телефонот произлегува од A11 Bionic чипот, најмоќниот и најпаметниот чип кај паметните телефони во светот, кој нуди целосна снага потребна за уживање во игрите и апликациите на проширената реалност.

Ве покануваме да ни се придружите на лансирањето  на новиот iPhone X и без двоумење да го испробате телефонот во продавницата на iSTYLE во Skopje City Mall, за сами да ја воочите причината поради која се формираат долги колони пред салоните на Apple ширум светот.

Запознајте се со иднината!

iphone-x-nastan-na-polnokj-kazi-i-zdravo-na-idninata-3.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg