Новогодишен магичен концерт за посетителите на Веро Центар

Уживајќи во звуците на популарни новогодишни композиции, посетителите на Веро центар во сабота (30.12.2017) ќе бидат дел од новогодишна музичка магија што специјално за нив ја креира компанијата Веропулос. Музичкиот перформанс ќе почне во 12 часот во холот на Веро Центар и ќе трае околу два часа.

novogodisen-magicen-koncert-za-posetitelite-na-vero-centar-3.jpg

Предновогодишната атмосфера во Веро Центар ќе ја загрее детски хор на кој ќе му се придружи хор од возрасни музичари, при што дел од изведувачите ќе се појават од различни страни на трговскиот центар. Нивниот настап ќе биде придружуван од професионален гудачки оркестар. Сите музичари заедно ќе изведуваат популарни новогодишни композиции кои совршено ќе се вклопат во празничниот амбиент кој изминатиов период владее во Веро Центар. Посетителите на Центарот ќе може да се одморат од празничниот шопинг уживајќи во волшебните звуци на класичната и празничната музика, а во исто време и да поминат забавно време со своите најблиски.

novogodisen-magicen-koncert-za-posetitelite-na-vero-centar-1.jpg

Организирањето забавни настани во Веро Центар непосредно пред Нова година изминативе години се претвори во убава традиција преку која менаџментот на компанијата „Веропулос“ го поттикнува новогодишниот дух кај посетителите. Овие настани привлекуваат огромен интерес од посетителите.   

- Новогодишниот и божиќниот период е еден од најубавите во годината, период во кој семејствата поминуваат квалитетно време заедно. Преку организирањето вакви настани сакаме заедничкото уживање да биде уште покомплетно и навистина сме среќни што успеваме во таа цел. Нова година е време кога сите се подготвуваат за празнување, купуваат подароци и ја планираат новогодишната трпеза. Со музичкиот перфоманс, нивното шопинг искуство во Веро Центар ќе се претвори во вистинска празнична магија, дополнета со специјални предновогодишни понуди кои Веро ги креираше според потребите на своите лојални потрошувачи – вели Љубица Короскоска, маркетинг директор на „Веропулос“ во Македонија.  

Со организирањето на овој новогодишен музички настан, Веро ја заокружува годината исполнета со организација на бројни настани во Веро Центар во кои главниот акцент беше ставен на забава и едукација на најмладите. Но, во овие настани исто толку уживаа и возрасните имајќи го предвид концептот кој го наметна Веро Центар како место за забава на целото семејство.  

novogodisen-magicen-koncert-za-posetitelite-na-vero-centar-2.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg