Класична и џез музика врзана за Македонија, а со њујоршка инспирција


Класична и џез музика врзана за Македонија, а со њујоршка инспирција

Денеска се одржа конференција за печат по повод престојните два концерти на Дуке Бојаџиев со наслов „Сон Верба Љубов“, кои ќе се одржат утревечер на 11 мај со почеток во 19.30 часот и во сабота на 12 мај во истиот термин во новиот објект на Македонската филхармонија.

klasicna-i-jazz-muzika-vrzana-za-makedonija-a-so-njujorshka-inspiracija-01.JPG

На средбата со новинарите, покрај нашиот ценет композитор Бојаџиев, кој пристигна директно од Њујорк, каде живее и работи долги години, присуствуваше и дел од музичкиот креативен тим кој ќе настапи со него, како специјалната гостинка на концертот, пеачката Тијана Дапчевиќ, Исмаил Лумановски кој ќе настаи на својот кларинет, Костас Анастасиадис на тапани и Мартин Ѓаконовски на контрабас.

„По речиси две години пауза се враќам во Македонија со два целовечерни концертни настапи и огромна радост ми причинува што за првпат ќе настапам во новиот објект на Македонската филхармонија. Музичкиот тим кој стои зад мене, не се само мои долгогодишни соработници, туку и пријатели чиј професионален багаж бескрајно го ценам. На мое огромно задоволство за првпат со мене ќе настапува и мојата долгогодишна пријателка Тијана. На програмата ќе биде дел од мојот авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание Сон-Верба-Љубов, како и дел од моето поново филмско творештво“ вели Дуке Бојаџиев.

klasicna-i-jazz-muzika-vrzana-za-makedonija-a-so-njujorshka-inspiracija-04.JPG

Тијана и Дуке се пријатели повеќе од 20тина години и нивните првични заеднички настапи датираат уште од времето кога настапуваа во Македонската радио и телевизија, но ова е прв нивен заеднички концертен настап во живо.

„Искрено, немаме оправдување и двајцата, ниту покритие зошто досега немаме настапено заедно на концерт во живо. Другаруваме од кога паметиме за себе, но ете ова ќе биде наш прв официјален настап заедно пред публика и превозбудена сум што сум дел од еден ваков музички тим. Дуке навистина ме почести со поканата да бидам негова специјална гостинка на концертот“ изјави Тијана.

klasicna-i-jazz-muzika-vrzana-za-makedonija-a-so-njujorshka-inspiracija-06.JPG

Покрај нив на сцената ќе настапат и актерката Наташа Петровиќ како вокал и нарација и стринг квартетот во состав: Владимир Крстев како виолина 1, Маја Ефремова Шеќерова како виолина 2, Марко Виденовиќ на виола и Марија Михајловска на виолончело.

klasicna-i-jazz-muzika-vrzana-za-makedonija-a-so-njujorshka-inspiracija-05.JPG

klasicna-i-jazz-muzika-vrzana-za-makedonija-a-so-njujorshka-inspiracija-02.JPG

klasicna-i-jazz-muzika-vrzana-za-makedonija-a-so-njujorshka-inspiracija-03.JPG