Започна десеттата Меѓународна конференција за човечки ресурси


Започна десеттата Меѓународна конференција за човечки ресурси

Најпознатите HR менаџери од мултинационални компании ќе зборуваат за хуманата страна на професијата и како да се подигне почитта кон вработените на повисоко ниво

zapocna-desetta-megjunarodnata-konferencija-za-covecki-resursi-01.jpg

(Скопје, 31.05.2018) - Во организација на Македонска асоцијација за човечки ресурси, денеска во Скопје се одржува 10-тата јубилејна Меѓународна конференција за човечки ресурси на која ќе се дебатира на темата “From HR to RH– Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето). Познати и угледни професори, тренери и менаџери од земјата и регионот во улога на спикери, ќе ги пренесат своите искуства и знаења, токму на оваа истакната тема кој е од огромно значење за цивилизираниот свет. На годинешната конференција има повеќе од 300 гости и учесници.

zapocna-desetta-megjunarodnata-konferencija-za-covecki-resursi-02.jpg

„Дел од годишната конференцијата се истакнати говорници, меѓу кои и главните HR менаџери од мултинационални компании, како и искусни консултанти, советници и професори од повеќе европски земји. Сите тие ќе го презентираат своето стручно знаење, иновативните идеи, како и препораки на начин и експликација истите да се апликативни и присутните менаџери и професионалци ќе можат да ги применат во сопствените организации. И токму тоа е целта и значењето на конференцијата, да се слушне, да се научи, да се примени и преку иновативни алатки да се унапреди работењето на организацијата но и бизнисот”, изјави Христина Лозаноска, претседателката на Асоцијацијата.

zapocna-desetta-megjunarodnata-konferencija-za-covecki-resursi-08.jpg

Покрај, размената на искуства од полето на човечки ресурси, денешната годишна конференција преку издвоената тема ја поставува на повисоко ниво основната потреба, која во исто време е и највисоката цивилизациска цел, а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание за нивното значење и придонес во организацијата.

Темата на конференцијата произлегува од тесната и нераскинлива врска меѓу човечките ресурси и почитта на човечноста. Професијата управување со човечки ресурси како значајна функција на менаџментот на компаниите и организациите, мора да се користи за подигање на квалитетот на животот на луѓето, особено во професионалниот дел, со воспоставување на соодветни стратегии, достоинствени услови за работа, еднакви можности за развој и напредок на луѓето, што самото по себе ќе придонесе кон позитивен развој на компаниите и општеството“, дополнува претседателката на Асоцијацијата.

zapocna-desetta-megjunarodnata-konferencija-za-covecki-resursi-06.jpg

Конференцијата е организирана од Македонска асоцијација за човечки ресурси која се залага за поддршка на највисоките идеали во областа на управување со човечки ресурси и за посестрано прифаќање и ценење на професијата и нејзиниот кредибилитет, па и оваа година ќе ја доделат наградата за најдобар HR менаџер во Македонија за 2017 година.

Оваа година организацијата на настанот е во партнерство со агенцијата Вработување.ком.

zapocna-desetta-megjunarodnata-konferencija-za-covecki-resursi-10.jpg

zapocna-desetta-megjunarodnata-konferencija-za-covecki-resursi-11.JPG