Изложба на Кервин Вилијамсон во Концепт 37


Изложба на Кервин Вилијамсон во Концепт 37

Денес, со почеток во 20:00 часот во изложбениот простор на Концепт 37 ќе биде отворена изложбата под наслов “All that we perceive” на американскиот уметник Кервин Вилијамсон.

izlozbata-na-kervin-vilijamson-vo-koncept-37-01.jpg

Вилијамсон работи дигитална уметност и фотогафија, а во циклусот “All that we perceive” (Се’ што доживуваме) ќе промовира дигитални композиции кои се темелат или се инспирирани од уличната уметност во Њујорк. Делата ќе се соочат со моменталните перцепции на нашата урбана средина, презентирајќи ги алтернативните реалности коишто постојат само затоа што ние така сакаме.

izlozbata-na-kervin-vilijamson-vo-koncept-37-02.jpg

„Задлабочувајќи се во текот на свеста, деталите стануваат визуелно и ментално соодветни, тие се извадени од контекст и преработени во дигитална форма, водени од потсвесни привиденија на сето она што го доживуваме. Улиците на Њујорк и Скопје стануваат шаблон за креативни варијации, а и самите ние проектирани во него како дух во школка. На несакани и вообичаени аспекти им се дава нов живот...кој сега се вчитува. Оска на светлина низ тесна уличка, дел од графити нашкрабани на стаклени панели, менување на разни сцени со пешаци, делчиња од стара врата користена од стотици улични уметници (искината, уништена и вандализирана од други). Добиените композитни слики стануваат симболична врска помеѓу творецот и огромното море на податоци и можности.

Преку визуелни замисли од насобраните податоци, пред и по интернетот, ни се осветлува чувството кое го имаме за целта или недостигот од неа. Ние сепак може да ги поврземе непредвидливите аспекти на урбаното живеење кои се чинат случајни, иако се извонредни.” – Кервин Вилијамсон.

izlozbata-na-kervin-vilijamson-vo-koncept-37-04.jpg

Изложбата ќе биде поставена во Концепт 37 до 16 јуни.

izlozbata-na-kervin-vilijamson-vo-koncept-37-03.jpg