Овој викенд најголемата шопинг несоница во градот!


Овој викенд најголемата шопинг несоница во градот!

Традиционално и оваа година, Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој ќе се одржува викендов од 22 до 24 јуни. На овој тридневен настан сите посетители ќе имаат можност да уживаат во несекојдневно купување до полноќ, со попуст до -70% во повеќе од 120 локали.

ovoj-vikend-najgolemata-shopping-nesonica-vo-gradot-01.png

Покрај шопингот со голем попуст, посетителите ќе можат да се опуштат со тридневната програма која нуди забава за сите вкусови и генерации. Многу музика, мода, танцување со професионалци, освежување со бесплатни коктели, како и несекојдневно модно шоу “Костими за капење 2018“, каде ќе може да се видат сите најнови модели на костими за капење кои се неизбежни за овој период од годината.

За веселата и разиграна атмосфера низ ходниците ќе се погрижат Dj Goce SAF, Dj Cvare, Dj Strike и други. За време на овој хепенинг ќе има и еден интересен спортски предизвик: Сити Мол заедно со Training room Skopje ќе го бараат најсилниот меѓу силните и ќе го наградат со ексклузивна вредна награда. Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња по намалени цени.

Колку пати досега на шопинг, не ви било доволно времето за сѐ да разгледате и да пробате, а уште повеќе кога има огромни попусти на вашите омилени брендови? Токму затоа, „Late night shopping“ е викендот кога со забава, музика и весело летно расположение вие ќе можете да купувате сѐ до полноќ! Со „ноќниот шопинг“ го одбележуваме почетокот на летото, а секоја година создаваме сѐ побогата програма, големи попусти и забава за сите посетители. Ова е најголемиот настан на Скопје Сити Мол во летниот период, настан кадешто шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана.“ – велат организаторите.

Целосната листа на попусти и информации можете да ги погледнете на http://skopjecitymall.mk/lns/.

ovoj-vikend-najgolemata-shopping-nesonica-vo-gradot-02.jpg

Најчитани неделава