Кои концерти нè очекуваат летово?

Од зајдисонце до изгрејсонце, под отворено небо и сезоната на летните забави е отворена. Разновиден фестивалски пејзаж на денешницата значи дека има забава за апсолутно сечиј вкус, почнувајќи од неколку дневни фестивали со кампување, до фестивали во центарот на градот, од фестивали со високо темпо до фестивали со малку позабавено темпо, од електро музика, до класична и се што е помеѓу.

koi-koncerti-ne-ocekuvaat-letovo-2.jpg

А токму таквиот спој на електро со класичната музика не очекува ова лето во Охрид. Во Антички театар, на 2 Август, со почеток во 22 часот, пионерот на електронската музика Juan Atkins заедно со Македонска Филхармонија под диригентската палка на маестро Џијан Емин ќе приредат неверојатно шоу, преку разни аудио-визуелни ефекти, нудејќи футуристичко, мултисензорно доживување. Но тука не завршува забавата, истата продолжува на плажата Парк со Jeff Mills која ќе понуди забава за сите сетила, а посетителите ќе можат да уживаат во непознатото.

koi-koncerti-ne-ocekuvaat-letovo-5.jpg

Ова не е прв ваков настап на Македонска Филхармонија, сите го паметиме настапот со Derrick May, под диригентската палка на маестро Емин. Овој нов проект на Џијан и продукциската куќа „Излет Мјузик“ е всушност продолжение токму на претходниот проект со Derrick May, со кој покрај концертот во Охрид, следуваа гостувања во Гент (Белгија), Париз и Ница (Франција), Детроит (САД) и Мелбурн (Австралија).

И повторно Џијан на сцената, овој пат заедно со Juan Atkins, за да ги срушат бариерите и да ѝ понудат на публиката несекојдневно доживување.

Juan Atkins е музичар е еден од креаторите на техно музиката, кој заедно со Derrick May и Kevin Saunderson го формирале познатото трио, The Belleville Three. Зад себе има повеќе од 20 изданија и 30-годишна кариера со многубројни настапи ширум светот.

А на листата пионери на елекронската музика во последните 30 години несомнено е вклучен и Jeff Mills, кој е основач на Underground Resistance, учествува во градењето на идеологијата на продукцијата со партнерите "Mad" Mike Banks, Robert Hood.

koi-koncerti-ne-ocekuvaat-letovo-4.jpg

Овој настан е поддржан и од Neuland, мултисензорната платформа, посветена да создава необични музички и уметнички искуства. Neuland Sensorium, според многумина, настанот за 2017 година, кој се одржа лани во ноември во Мала Станица беше кулминација на соработката помеѓу мултисензорната платформа и маестро Џијан Емин и ги помести границите на добрата забава во градот, нудејќи досега невидени интерпретации на звукот, вкусот и визуелните уметности. По оваа соработка помеѓу Neuland и Џијан Емин, како и годинешната соработка помеѓу Neuland и клубот Сектор 909, Neuland се појавува како поддржувач и на овој спектакуларен настан.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg