Авионските трки се враќаат во Русија по ланското деби

По драматичното деби на небото над Казан минатата сезона, светскиот шампионат Red Bull Air Race повторно ќе полета од спортската престолнина на Русија, како петта трка во календарот за 2018 година. Со нова патека, нови ривалства и само четири трки до крунисувањето на шампионот, очекувајте жестоки летови и борба до самиот крај.

avionskite-trki-se-vrakjaat-vo-rusija-po-lanskoto-debi-02.jpg

Летото во Казан изобилува со големи меѓународни спортски настани и ќе продолжи со голема брзина - 370 км/ч - на почетокот од втората половина од сезоната во Red Bull Air Race со воздушната трка која ќе стартува пред замокот Кремлин, кој е заштитен како светското наследство на УНЕСКО, на 25 и 26 август 2018 година. Бидејќи нема самостоен лидер на табелата, оваа станица ќе биде значајна можност за тркачките тимови да стават свој печат на сезоната пред титулата во светскиот шампионат „да им се лизне од рацете“. Минатата година на трката во Казан беше урнат неславниот рекорд за најмногу удари во воздушните столбови во историјата на овој спорт - дури 67 - а со нова конфигурација, пилотите и нивните тактичари ќе мораат да стартуваат од почеток за да ја загосподарат со техничката патека над реката Казанка.

Оваа сезона има нови лица на врвот од генералниот пласман, а моментално првопласиран е Австралијанецот Мат Хол, пред Американецот Мајкл Гулијан, со минимална разлика од два поени. Ниту еден од овие двајца пилоти ја нема освоено шампионската титула досега, ниту бил на толку високо место во средината на сезоната, па иако се чини дека Хал е на врвот на перформансите, токму Гулијан минатата година триумфираше во Казан. Во трка со нив е минатoгодишниот вицешампион, Мартин Шонка од Чешката република, а по него е пилотот кој ги изненади сите во 2018 година, Французинот Мика Бражо, кој е четврти на табелата. Во неговата втора сезона во мастер класата, дали „ладната глава“ на Бражо и неговата таинствена самодоверба ќе го направат следната француска сензација на подиумот во Русија ова лето?

avionskite-trki-se-vrakjaat-vo-rusija-po-lanskoto-debi-01.jpg

Или можеби светскиот шампион ќе блесне во оваа прилика? Петти во генералниот пласман, моменталниот бранител на титулата Јошихиде Муроја од Јапонија влегува во период „сега или никогаш“ во својот обид да го повтори триумфот, додека светскиот шампион од 2016 и 2006, Матијас Долдерер од Германија и минатогодишниот победник во Казан, Кирби Чемблис од САД, се гладни за бегство од средината на табелата.

ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО!

Квалификациите во сабота се во 15 часот, додека првата рунда на елиминации од „Мастер класата“ е во недела во 12 часот по средноевропско време. Директниот пренос е достапен преку веб страната www.readbullairrace.com или на Red Bull TV кој е достапен на сите поврзани ТВ уреди, играчки конзоли, мобилни уреди и др. Информирајте се повеќе на about.redbull.tv

КАЛЕНДАР 2018:

25/26 август: Казан, Русија

15/16 септември: Виенер Нојштад, Австрија

06/07 октомври: Индијанаполис, САД

17/18 ноември: Форт Ворт, САД

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg