Фестивалски хепенинг во МКЦ по повод 20 години постоење на ПМГ Рекордингс

На 06.10.2018год со почеток во 20:00ч во Младинскиот Културен Центар во Скопје по осми пат ќе се одржи Целовечерен Музички Фестивал „Сонична Младост“.

festivalski-hepening-vo-mkc-po-povod-20-godini-postoenje-na-pmg-rekords-001.jpg

Фестивалот претставува продолжение на досегашните седум изданија организирани од страна на дискографската куќа ПМГ Рекордингс, која одбележува 20 години постоење.

ПМГ Рекордингс е независна дискографска куќа која во изминативе години е значаен фактор во домашните музички превирања, голем поддржувач на новата алтернативна музичка сцена, и на бендовите од новата генерација.

Свои перформанси во живо ќе имаат 15 домашни и странски бендови и диџеи. Инспирирани од потребата за културно обединување и широка афирмација на македонската современа музика, на три подиуми и бесплатен влез се очекува да се забавуваат над 3.000 посетители.

Фестивалот оваа година е поддржан од Златен Даб, бренд кој постојано ја поддржува урбаната култура и ја промовира македонската музичка сцена.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg