Глобален Лидерски Самит 2018 - Нова, изводлива и инспиративна содржина за лидерство од светски говорници, достапна и тука, во Македонија!

globalen-liderski-samit-2018-nova-izvodliva-i-inspirativna-sodrzina-za-liderstvo-do-svetski-govornici-dostapna-i-tuka-vo-makedonija-01.jpg

Бидете дел од најголемиот светски настан посветен на лидерство – ГЛС 2018 Македонија

23-ти Ноември, Македонска Филхармонија -Скопје

Глобалниот Лидерски Самит Македонија (ГЛСМ) е еднодневна лидерска видеокаст конференција основана во 1996 година од страна на “Willow Creek Association (WCA)”. Започнала како сон, како визија и желба за вложување во водството на луѓе од најразлични економски,општествени, етнички и верски позадини, а денес се содржува во над 130 земји во светот.  Целта на ГЛСМ е да подобри,  инспирира и мотивира одлично водство без разлика на секторот на дејствување, на местото во компаниските и општествените структури. Такво и е и мотото: води таму каде што си! Извршни директори, експерти за човечки ресурси, претприемачи, уметници, студенти, невработени со желба за исчекор, жени и мажи, повикот е ист: води таму каде шти си! Зашто никој нема право да ти го одземе сонот за подобар живот, за лично усовршување, за менување на твојот град и општеството, за градење на добро за сите. Никој.

ГЛСМ сака да ти биде поддршка на твојот пат, да ти овозможи врвен контекст за личен, тимски и компаниски растеж по најпристапна цена зашто точно знаеме каде сме сите во Македонија денес. Ваквата визија ГЛС ја спроведува преку овозможување ексклузивни видео говори на врвни светски водачи, говорници во живо, практични материјали и контекст за локална интеракција и нетворкинг. Во Македонија се одржува од 2013 година, а минатата година ГЛСМ обедини над 300 учесници кои дадоа ентузијастички фидбек за настанот.

Говорниците на Самитот доаѓаат од различни позадини вклучувајќи светски познати бизнисмени, афирмирани уметници, врвни хотелиери, креативци од филмската индустрија, инспиративни пастори од американските цркви, докажани борци за човекови права, политичари со широк спектар на делување, креативни организициски водачи. Зборуваме за Боно (У2), Алан Мулали (Форд), Џон Максвел (ОН плакета за водство), Мелинда Гејтс (Мајкрософт), Шерил Сендберг (Facebook), Кондолиза Рајс (Стејт Департмент), Ед Катмил (Pixar), Патрик Ленсиони (The Ideal Team Player), Џим Колинс (5 Disfunctions of a Team), Енди Стенли (пастор, North Point Community Church), Хорст Шулце (Carlton-Ritz) – и многу други со еднакво добар квалитет. Очигледно, тоа се најдобрите во своите сектори денес. Сите тие нудат уникатен микс на визија, инспирација и практични вештини кои можеш веднаш да ги примениш. Да ви ги претставиме говорници на ГЛСМ 2018.

1. Angela Ahrendts. Главен потпретседател на малопродажба во Apple која има заработено над 70 милиони долари во 2014 година – повеќе од било кој друг извршен директорна Apple, вклучувајќи го и извршниот директор Tim Cook.

2. Simon Sinek. Британско-американскиот автор, мотивациски говорник и маркетинг консултант. Sinek има едноставен, но моќен модел за инспиративното лидерство кој започнува со еден златен круг и со прашањето "Зошто?". Ако имате проблем со креирање на визија на долг рок и поставување принципи додека го водите својот бизнис и живот, Simon Sinek ќe ви даде инспирација за да почнете да се движите во вистинската насока.

3. John C. Maxwell. Американски писател, мотиватор и пастор, кој има напишано повеќе книги чија главна тема се различните аспекти на лидерството. Како особено позната се издвојува книгата со наслов “Како да станете вистински лидер”. Ако се наоѓате во ситуација да водите луѓе, веројатно многупати сте се запрашале што сè е потребно за да се стане успешен лидер. Во оваа книга, Џон Максвел дава многу практични примери и совети кои ќе ви помогнат да успеете во тоа.

4. Craig Groeschel. Еден од најпродаваните автори според New York Times и основачна Life.Church, црква која се наоѓа во 10 држави и e прогласена за најиновативната црква во 2007 и 2008 година. Во 2016 година Groeschel започна и бесплатен подкаст на тема лидерство – тој верува дека човекот немора да знае сѐ за да стане добар лидер.

5. Rasmus Ankersen. Автор на бестселери, TEDX врвен говорник, претприемач и еден од видеокаст говорниците на овогодинешниот самит. Додека повеќето од организациите зборуваат за тоа како да се постигне успех, Rasmus обрнува повеќе внимание на тоа како да го задржите успехот. Слушнете ја неговата приказна на Глобалниот Лидерски Самит.

globalen-liderski-samit-2018-nova-izvodliva-i-inspirativna-sodrzina-za-liderstvo-do-svetski-govornici-dostapna-i-tuka-vo-makedonija-2.jpg

6. Марко Грозданов. Говорник во живо на Глобалниот Лидерски Самит 2018

Марко Грозданов е роден во Скопје, 1977 година. Своето образование го развива во САД (средно), а потоа и самостојно во Хрватска (факултет) и Чешка (магистерски студии). Во 2008-ма година се враќа повторно во Македонија, а по неколку години започнува и свој приватен бизнис во мобилната технологија. Работејќи во своето семејно претпријатие и во соработка со мали и големи корпорации во Македонија и од странство, практично секојдневно применува голем дел од лидерските вештини, кои постојано бара нови начини да ги усоврши и подобри. 12 години е и лидер во локалната протестантска црква (ХБЦ „Радосна Вест “- Скопје), каде исто така се усовршува во говорништвото, психологијата на луѓето, како и секојдневните морално-етички дилеми на модерниот живот. Најмногу на тест сето свое искуство го става во својот дом, со своите три дечња кои ги има со својата сопруга Тина.

globalen-liderski-samit-2018-nova-izvodliva-i-inspirativna-sodrzina-za-liderstvo-do-svetski-govornici-dostapna-i-tuka-vo-makedonija-3.jpg

7. Wade Channell. Говорник во живо на Глобалниот Лидерски Самит 2018

Wade Channell, J.D., е сениор советник за економски раст, родова рамноправност и зајакнување на економската моќ на жените, во канцеларијата на USAID. Во текот на своите 23 години меѓународен развој, тој се фокусира на креирање поволно опкружување за бизнис и раст, a неодамна своето внимание го насочи првенствено на прашањата поврзани со економското зајакнување на жените.

Редовно соработува со “World Bank’s Women”, “Business” и “Law project”. Wade е адвокат-професор на “George Washington University”, работел на пет континенти, во повеќе од 50 земји и бил претседател на Американската стопанска комора (AmCham)) во Хрватска.

globalen-liderski-samit-2018-nova-izvodliva-i-inspirativna-sodrzina-za-liderstvo-do-svetski-govornici-dostapna-i-tuka-vo-makedonija-4.jpg

Ако си прочитал до тука, тогаш многу веројатно е дека си спремен да ни се придружиш подобрувајќи се себеси и својот тим преку вклучување во ова светско движење. За градање на Македонија за која сите ние сонуваме. За нас и за идните генерации.

23-ти Ноември, Македонска Филхармонија – Глобален Лидерски Самит Македонија

Повеќе инфо: https://www.glsmacedonia.org/
Мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Карти:
https://www.karti.com.mk/globalen-liderski-samit-2018.nspx

globalen-liderski-samit-2018-nova-izvodliva-i-inspirativna-sodrzina-za-liderstvo-do-svetski-govornici-dostapna-i-tuka-vo-makedonija-5.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg