Промоција на новиот албум на Тоше Проески на големиот концерт во петок

На големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда кој ќе се одржи во петок во VIP Арена Борис Трајковски ќе биде промовиран албумот Secret Place, со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. Тој е и автор на дел од песните, а неколку песни се заедничко дело на Тоше и познатиот англиски композитор и продуцент Енди Рајт. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видео записи со Тоше.

promocija-na-noviot-album-na-tose-proeski-na-golemiot-koncert-vo-petok-001.jpg

Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Александра Радовиќ, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Александра Јанева се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и со кои публиката ќе ги пее најголемите хитови на Тоше, а неговиот внук Кристијан Ристески ќе ја изведе We are blood, песна која се наоѓа на новиот албум.

Организаторите, Фондацијата „Тоше Проески“, велат дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Концертот во петок почнува во 20 ч. Влезниците се по цена од 250 и 350 денари и може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија Рекордс. 

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg