Дигиталната трансформација и новите технологии во фокус на третиот ден од Самитот Македонија2025
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дигиталната трансформација и новите технологии во фокус на третиот ден од Самитот Македонија2025

Скопје, 09.11.2018 – Денеска е последен ден и затворање на Самитот Македонија2025. Врвни експерти ќе зборуваат на теми поврзани со дигитална трансформација, примена на новите технологии во медицината, претприемништво, одговорно лидерство и други.

digitalna-transformacija-i-novite-tehnologii-vo-fokus-na-tretiot-den-od-samitot-makedonija-2025-01.JPG

Во изјава, Кристијан Руп - Портпарол на платформата „дигитална Австрија“ и Координатор на иницијативата „SME DIGITAL” во Стопанската Федерална комора на Австрија, истакна дека дигитализацијата мора да биде засебен стратегиски план во зависност од државата, гранка на индустријата, вештините на вработените и определбите на клиентите.

„Дигитализацијата го менува целосниот синџир на вредности, но мораме да сфатиме дека дигиталната трансформација е можност, а не опасност! – додава тој.

Една од клучните теми беше и осврт кон најдобрите светски практики во иновативни и технолошки центри. Скот Ресник  - Главен Оперативен Директор на Hardin Design & Development, Основач и прв Извршен Директор на StartingBlock Madison, зборуваше за примерот на САД.

digitalna-transformacija-i-novite-tehnologii-vo-fokus-na-tretiot-den-od-samitot-makedonija-2025-02.JPG

„Премногу луѓе се фокусираат на негативните причини зошто идејата не може да функционира или зошто стартап не може да напредува во одереден регион. Искористете ги вашите локални силни страни и станете шампион за вашата заедница. Можете да го направите тоа со поддршка на другите стартапи и нудејќи помош секогаш кога е тоа можно. Кога една компанија успева во регионот, целата заедница успева.“ – истакна Ресник.

Вчеравечер се одржа и Добротворна гала вечера, со која се одбележаа 10 години од формирањето на организацијата Македонија2025. Наградата за филантропија „Џон Битов Постариот“ беше доделена на Мајк Зафировски за неговиот исклучителен придонес во филантропијата и волонтеризмот, додека плакети на благодарност беа врачени на луѓето и компаниите кои возвратиле на Македонија и ја поддржиле организацијата во изминтатите 10 години.

Собраните средства беа пренаменети кон новоформираниот Фонд за талентирани студенти. Беше потпишан и Договор за соработка помеѓу Македонија2025 и фондацијата „Ане и Владе Дивац“ од Србија, со што двете организации заеднички ќе соработуваат на многу проекти од заеднички интерес.

digitalna-transformacija-i-novite-tehnologii-vo-fokus-na-tretiot-den-od-samitot-makedonija-2025-03.JPG