Јубилејно издание на инженерскиот натпревар EBEC во организација на БЕСТ - Скопје

Борд на Европски Студенти по Технологија - БЕСТ Скопје ви го најавува десеттото јубилејно издание на најголемиот европски инженерски натпревар - EBEC, кое оваа година ќе се одржи од 18 - 21 декември во просториите на овогодинешните партнери - Аptiv и Johnson Matthey.

jubilejno-izdanie-na-inzenerskiot-natprevar-eves-vo-organizacija-na-best-skopje-01.jpg

EBEC (European BEST Engineering Competition) е натпревар којшто се одржува во три нивоа - локално, регионално и финално. Овогодинешните победнички тимови натпреварувањето ќе го продолжат oваа пролет на регионалната рунда во Нови Сад, Србија, додека големото европско финале ќе се одржи во Торино, Италија, каде сите учесници ќе имаат шанса да ги покажат своите знаења, да се запознаат и да разменат искуства со претставници од компаниите-партнери на EBEC.

Настанот ќе започне на 18 декември со официјалното отворање на техничкиот кампус при УКИМ, а во наредните два дена, натпреварувачите ќе имаат можност да ги истакнат своите способности за креативно решавање на инженерски проблеми и предизвици во две категории - Case Study и Team Design.

Во категоријата Case Study, оваа година организирана од APTIV, на натпреварувачите ќе им биде доделен „случај“ со теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употреба на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност, како и способност за тимска работа.

Во категоријата Team design, по втор пат организирана од Johnson Matthey, учесниците треба да го решат дадениот проблем со дадени материјали во ограничено време. Оваа категорија ги предизвикува креативните вештини за решавање на практични проблеми, како и академското знаење и тимскиот дух на натпреварувачите.

Работата на учесниците ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од партнерите, како и професори од техничките факултети при УКИМ.

Доколку студирате на некој од техничките факултети, имате натпреварувачки дух и сакате да ги тестирате и надоградите своите вештини, не двоумете се да аплицирате на https://goo.gl/PGdf3C

За повеќе информации околу настанот, посетете нѐ на Facebook - BEST Skopje.

jubilejno-izdanie-na-inzenerskiot-natprevar-eves-vo-organizacija-na-best-skopje-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg