Хуманитарен настан за оние безгласните - бездомните животни низ градот

Ова не е уште еден обичен ден. Ова нема да биде уште еден обичен обид за настан со кој би собрале некој денар, туку сериозно сакаме да ве повикаме на забава која ќе пренесе бар малку позитивна енергија, која веруваме ќе допре и до оние кои не ја делат љубовта кон бездомните животни со нас.

humanitaren-nastan-za-onie-bezglasnite-bezdomnite-zivotni-niz-gradot-01.jpg

Вие не знаете кои сме, вие не можете ни да замислите колку ги сакаме животинките, особено оние кои не опкружуваат. Ние сме една екипа која само сака да помогне и да даде уште една шанса за подобар живот на оние безгласните – на бездомните животинки од градот убав. 

Ќе има што да си купите, ќе има и што да видите, а богами и слушнете.

Друштво ќе ни прават South Park и нема потреба понатаму да објаснуваме.

Ќе се напиеме зелено автентично пиво и ќе доделиме по некоја награда.

Кога велиме награда мислиме на ТЕТОВАЖА . Да, да, добро прочитавте.

Влезот ќе биде 150 денари со што ем донирате за бездомните другари, ем можете да добиете тетоважа со бројчето кое ќе ви биде доделено на самиот влез. Со среќа!

Се што треба да понесете со вас е насмевката и емпатијата. На лице место ќе дознаете како можете да ни помогнете. Секој ден во последниот месец од годината означува нова надеж и пренесува прекрасна светкава енергија, а ние сакаме тоа да го насочиме кон подобро утре за оние кои не моќат сами да се снајдат во овој свет.

Бујрум на доза надеж, ронка среќа...

  • Настанот е поддржан од здружение за заштита на животни Граѓанска Иницијатива Кане Корзо Надеж
  • Тетоважата е донација од студио од Eternity Tattoo Studio
  • Kонкурс на фотографии од бездомни кучиња, чиј победник добива гратис изложба во Kolektiv Gallery.
  • Броењето на самите донации ќе се сними и ќе се објави на ѕидот на настанот на крајот од денот 
  • Донации од продадените производи на Atelje Siena 

Во склоп на настанот - конкурс за најдобра фотографија на бездомно животно

humanitaren-nastan-za-onie-bezglasnite-bezdomnite-zivotni-niz-gradot-02.jpg

За сите оние кои љубат фотографија и обожаваат да пренесат интензивно чувство на емпатија кон послабите од нас. Повик до сите млади фотографи кои сакаат предизвик. Навидум едноставна задача...

Направете автентична фотографија на бездомно кутре во главниот град и објавете го на ѕидот од овој настан. Ништо од ова нема да биде за џабе, бидејќи фотографијата со најмногу лајкови, ќе му донесе на фотографот ГРАТИС изложба во Kollektiv Gallery. 

Разбудете ја креативната енергија, овојпат кон ширење на свеста за нашите крзнени другари кои немаат дом, туку не имаат само нас. 

Конкурсот трае од 10.12.2018 до денот на настанот 15.12.2018 до 12 ч. со што ги покануваме сите фотографи да ни се придружат и заедно да го прогласиме победникот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg