Создадете нови спомени ова лето и волонтирајте на Д-Фестивал

Понекогаш летните денови знаат да бидат еднолични. Се будиш во понеделник и после сфаќаш дека e веќе недела. И по наредното будење пак се враќаш во истиот ритам. Но, летото е тука, летото е отворено за нови приказни и спомение, летото е идеален период да оставиш сé зад себе и да се препуштиш на некоја авантура. Или можеби на некоја фиеста?

Sozdadete novi spomeni ova leto i volontirajte na d festival 3

Д-Фестивал, луѓе! Се наоѓаме токму во периодот кога Д-Фестивал ги отвора своите прегратки и со нетрпение чека да не види сите нас.

Ако сакате да станете дел од една летна авантура, и при тоа да запознаете кул луѓе и да шузите на вашите омилени бендови, тогаш пријавете се како волонтер на Д-Фестивал.

Охрабрете се сите, соочувањето со непознатото на крај секогаш носи спомени на кои долго ќе се сеќавате. И оваа година спојот на музиката, уметноста и мислата ќе ве насмее, ќе ве наполни со енергија и ќе ве припреми за нови животни предизвици.

FotoJet

Повикот е отворен до 22 февруари, а на следниот линк може да пријавите. И не мора баш да го чекате последниот ден.

На овој линк може да го преземете краткиот водич за насоки – овде.

Се гледаме на Д-Фестивал!

Е. Х. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg