Најамбициозните млади македонски бизнис лидери дел од светската бизнис елита во Амстердам!

На 23 октомври во Амстердам, најамбициозните и најуспешни македонски менаџери и претприемачи помлади од 40 години стануваат дел од светската бизнис елита на гала вечерата во организација на Business Elite Awards.

najambicioznite-mladi-makedonski-biznis-lideri-del-od-svetskata-biznis-elita-vo-amsterdam-001.jpg

На самитот Business Elite’s “40 Under 40”, заедно со нивните колеги од другите земји во регионот ќе ја формираат првата генерација од престижна програма за наградување на извонредни млади менаџери и претприемачи од светот на бизнисот.

Токму ексклузивната “40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за млади бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности.

Селекцијата на наградените ја направи Бордот на судии составен од признати бизнисмени и јавни личности од Европа и светот.

Во екслклузивна изјава, регионалниот директор за Југоисточна Европа, д-р Виктор Ѓорѓиески потенцира:

„Со задоволство можам да нагласам дека како организатори сме презадоволни од бројот и квалитетот на номинираните. Секој еден бизнис лидер кој ќе биде награден во Амстердам апсолутно го заслужува ова признание за посветеноста и пожртвуваноста во досегашната кариера. Поради ограниченоста на бројот на наградени, жалам што моравме да одбиеме голем број на исто така квалитетни профили на бизнис лидери и ги охрабрувам истите повторно да се номинираат до година и им посакувам поголема среќа при изборот за ова престижно признание чие доделување во 2020 ќе биде во Милано“.

Во очекување на официјалната објава на финалната листа на 40 најуспешни млади бизнис лидери од Југоисточна Европа, од Business Elite Awards посочуваат дека членувањето во престижната алумни мрежа “40 under 40” ги зголемува шансите за понатамошен успех како резултат на сите нови контакти што ќе ги воспостават со останатите наградени успешни луѓе од бизнисот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg