Охридска банка Сосиете Женерал главен спонзор на 59. издание на Охридско лето

Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година е главен спонзор и поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата - Охридско лето, одбележје на градот Охрид. Веќе низа години, Охридска банка Сосиете Женерал е една од најголемите поддржувачи на оваа манифестација која нуди врвна и уникатна уметничка програма и ги издигнува културните вредности на едно повисоко ниво и нуди програма која изобилнува со врвна уметност. Охридско лето, за Охридска Банка е многу повеќе од традиција.  Во оваа манифестација Банката гледа можност за развој на клултурата и уметноста од една страна, како и можност за уникатно уметничко уживање на посетителите и надоградба на културните вредности кои се негуваат во градот Охрид.

ohridska-banka-societe-general-glaven-sponzor-na-59-izdanie-na-ohridsko-leto-001.png

Во рамки на своето општествено-одговорно делување,освен поддршка на 58. манифестација Охридско лето, Банката беше насочена и кон многу друго проекти од областа на културата и уметноста. 

Повеќе информации за Охридска банка СОсиете Женерал можат да се најдат на веб страницата www.ohridskabanka.mk, Контакт центар 02 15 050, или во мрежата експозитури на Банката низ државата. 

За Охридска банка Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал еуниверзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето

на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети – „Global Finance“, „Euromoney“ и „The Banker“ и носител на наградата „Најдобра банка во Македонија“ во 2017 година од „Global Finance“ и „Euromoney“. Во 2018 година, банката повторно ја доби наградата за Најдобра банка во Македонија, според познатиот магазин „Global Finance“. Во 2019, Охридска банка Сосиете Женерал по четврти пат го понесе признанието на „Global Finance“ за Најдобра банка во Македонија. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg