Иновации, подобрување на животната средина и развој на идните професии во фокусот на годинешниот самит Македонија2025

Скопје, 27.08.2019 – Осмото издание на Самитот Македонија2025, кој претставува водечка регионална конференција за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата, технолошките иновации и етичкото лидерство, ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември во хотел Мериот – Скопје.

inovacii-podobruvanje-na-zivotnata-sredina-i-razvoj-na-idnite-profesii-vo-fokusot-na-godinesniot-samit-makedonija2025.jpg

Оваа година, се очекуваат над 50 истакнати говорници и разновидна публика составена од 400+ менаџери, директори, претприемачи, членови на академијата, дипломативисоки функционери и успешни млади професионалци, од земјата, регионот, но и од целиот свет.

Самитот ќе понуди богата тридневна програма, исполнета со 10+ панел-дискусии, како и засебни тематски сесии и работилници за развој на вештини. Главниот фокус на Самитот 2019 ќе биде ставен на две теми кои нè засегаат сите нас: иновации и нивното влијание врз намалувањето на загадувањето на животната средина/ воздухот, како и иднината на работните места и вештините. Покрај тоа, ќе се дискутира за глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски дигитални платформ компании и други интересни дебати.

Меѓу првите потврдени говорници се: Елизабет Наумовски, експерт за финансиска писменост и водител на телевизиското шоу „Finance is Personal”; Том Битов, претседател на PowerBev Inc. и PUR Brands Ontario; Тери Шулц, истакнат новинар во NPR и Deutsche Welle; Питер Табак, заменик-директор и водечки регионален економист во ЕБРД; Ирена Јовева, пратеничка во Европскиот парламент; Јонас Коивисто, истражувач од Универзитетот во Хелсинки; Гоце Андревски, професор и почесен член на Универзитетот Квинс, Онтарио и многу други.

Овогодинешниот Самит ќе им понуди на домашните компании и учесниците одлична можност за поврзување со странските компании, со потенцијални инвеститори, како и со наши истакнати членови на дијаспората, преку новововедената онлајн платформата за Б2Б средби. Оваа платформа, како и целокупниот Самит ќе донесе големи придобивки и можност за компаниите во земјава да ги прошират своите бизниси, да го зголемат својот извоз, како и да се поврзат со нови стратешки партнери од целиот свет.

Учество на Самитот се препорачува за сите претставници на компании, стартапи, истражувачки центри, невладини организации, академски институции, вработени во јавната администрација, дипломатскиот кор и други државни органи, како и за сите индивидуи кои се заинтересирани за стекнување вредни знаења и остварување нови деловни соработки. 

Раната регистрација за учество е во тек! Пријавете се на следниот линк: https://mk2025summit.com/buy-ticket/.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg