Халкбанк и Халки повикуваат на заедничка роденденска прослава на Зоолошката градина во Скопје

(Скопје, 30.08.2019) – Халкбанк и слончето Халки ги повикуваат родителите и децата на заедничка дружба за време на роденденската прослава на Зоолошката градина во Скопје која ќе се одржи оваа недела на 1ви септември со почеток од 12:00 часот.

halkbank-i-halki-povikuvaat-na-zaednichka-rodendenska-proslava-na-zooloshkata-gradina-vo-skopje-01.jpg

По повод 93-тиот роденден на скопската ЗОО градина се подготвува голема забава која ќе биде збогатена со наградна игра за посетителите, сечење роденденска торта, настап на Детскиот хор Златно славејче, Театарска претстава Волшебникот од Оз и парада на Дизни маскоти.

За време на прославата, присутните ќе имаат можност да се сретнат и со слончето Халки, маскотата на Халкбанк за детско штедење, кое што ќе ги забавува децата, ќе ги учи за значењето на штедењето и за тоа како да создаваат навики за штедење од рана возраст.

Халкбанка е потврден партнер на скопската ЗОО градина и во насоката на тоа парнерство и во иднина ќе ги поддржува активностите Зоолошката.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg