Објавена официјалната листа на добитници на престижните “40 under 40”

Business Elite Awards ја објави официјалната листа на 40-те најсупешни млади бизнис лидери од Југоисточна Европа за 2019 година на која се најдоа и најамбициозните Македонски бизнисмени и менаџери.

objavena-oficijalnata-lista-na-dobitnici-za-prestiznite-40-under-40-1.jpg

Прогласувањето на добитниците на престижното 2019 Business Elite’s “40 under 40” признание ќе се одржи на 23 октомври во Амстердам за време на гала вечерата во еден од најрепрезентативните историски објекти на Амстердам, Huis Bartolotti. веднаш по самитот на кој воведен говор ќе има извршниот директор на Канадско-Холандската бизнис комора, Julie Allen, а главни предавачи ќе бидат успешните бизнисмени Daniel Hulme и Adrian Enache, сопственици на компании во Велика Британија за вештачка интелегенција и маркeтинг.

Регионалниот директор за Југоисточна Европа, д-р Виктор Ѓорѓиески испрати искрени честитки до сите кои се најдоа листата, им посака добредојде во ексклузивниот клуб на директори Business Elite’s “Executive Club” и посочи: „Ова признание е потврда за пожртвуваноста и посветеноста на сите 40 бизнис лидери кои се најдоа на оваа листа. Ве уверувам дека секој од нив има своја инспиративна животна приказна која може да претставува мотивација за сите нас, а посебно за помладите генерации менаџери и бизнисмени. Воедно, сакам да испратам охрабрувачка порака и до сите кои за жал оваа година поради исклучителната конкуренција не се најдоа на оваа листа да продолжат во остварувањето на нивните цели со уште поголем ентузијазам и залагање, a признанието за нивниот успех неминовно ќе стигне во блиска иднина.“

Во продолжение ви ја прикажуваме официјалната листа на наградени:

objavena-oficijalnata-lista-na-dobitnici-za-prestiznite-40-under-40-2.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg