Green Love забава до раните утрински часови
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
kozmeticarka 12-12-2019


Green Love забава до раните утрински часови

Под мотото Spread the Green Love на 23. Ноември  со почеток од 20 часот па се до раните утрински часови во Центарот за Култура Ѓорче Петров ќе се одржи голема еко забава.

green-love-zabava-do-ranite-utrinski-chasovi-01.jpg

Green Love  има за цел преку урбана дружба и забава да ја поттикне свеста на луѓето во насока на заштита на животната средина и зголемување на зеленилото во урбаните средини на нашиот град.

Идејата на главните иницијатори Никола Цветковски и Иван Марковски е собраните средства од оваа забава да се наменат за купување на млади садници кои ќе бидат засадени на повеќе локации низ Општина Ѓорче Петров.

За загревање на атмосферата е задолжен DJ Brick потоа следуваат Dj Branchez  и  Alan Ford, а настанот ќе кулминира со 3 часовен сет на двоецот C2 Brothers.

Инволвираноста во настанот на организаторите како и сите музички имиња е целосно солидарна и е во насока на собирање што повеќе средства, а цената на влезницата е симболични 100 денари.

Целиот настан е поддржан од Општина Ѓорче Петров, Крем Кафе, Пивница Темов како и од Здружение за заштита на животна средина и животни  “Шепасти ентузијасти”

На иницијативата се приклучија и младинската организација “MladiHUB” , кои обезбедија дури 24 волонтери кои ќе се погрижат за беспрекорното функционирање на настанот.

Никола и Иван велат дека не застануваат тука. Следува акцијата на засадување на младите садници и подготовките за следниот предизвик, пролетна еко забава во природа. За сите новости и активности информирајте се  на ЛИНК

green-love-zabava-do-ranite-utrinski-chasovi-02.jpg

green-love-zabava-do-ranite-utrinski-chasovi-03.jpg

green-love-zabava-do-ranite-utrinski-chasovi-04.jpg

green-love-zabava-do-ranite-utrinski-chasovi-05.jpg