Ексклузивна модна ревија на венчални фустани за најважниот ден за секоја жена (9 декември 2019)

Модното атеље Anna Bora и нејзината предводничка Елиф Сали ви подготвуваат ново задоволство за сите сетила на светско ниво, спој на модерното и убавото.

ekskluzivna-modna-recija-na-venchalni-fustani-za-najvazhniot-den-za-sekoja-zhena-01.jpg

На 9 декември 2019 во Филхармонија се одржува ревијата на најубавите модели на венчаници за сезоната 2020.

На ексклузивната модна писта ќе имаме можност да видиме стилски различни венчални фустани, кои се движат од прогресивни, кои ги следат најновите модни трендови, до екстравагантни венчаници со експериментални кроеви инспирирани од француската висока мода.

Елиф Сали е уникатна дизајнерка, која своето знаење и искуство го добива од еминентниот Интернационален институт за мода „Изет Цури“.

Елиф е дизајнерка која иако по потекло е од Скопје, ниже бројни регионални успеси со својот уникатен уметнички сензибилитет и прогресивни техники.Повеќе за нејзините успеси и креации видете на официјалниот фејсбук профил на атељето - https://www.facebook.com/AnnaBoraAtelier/.

ekskluzivna-modna-recija-na-venchalni-fustani-za-najvazhniot-den-za-sekoja-zhena-02.jpg

Во врска со овој ексклузивен настан, таа ни изјави:

„Организацијата на оваа ревија за мене претставува остварување на мојот професионален сон. Секоја од венчаниците претставува уникатно доживување, со рачно изработени модни додатоци и природни материјали. За мене претставува исклучителна радост што ќе можам овие дизајни да ги споделам со скопската модна публика“.

Ревијата ќе се одржи во фоајето на Филхармонија со почеток во 20 часот. Притоа сите присутни кои ќе се одлучат својата венчаница да ја нарачаат од Anna Bora, ќе добијат специјален ваучер за попусти. Влезот е слободен за сите заинтересирани посетители.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg