Викендов се одржа 8-то издание на Стартап Викенд Скопје!

Изминатиот викенд во просторите на Инофеит се одржа 8-то издание на Startup Weekend Skopje, настан на Techstars, powered by Google for entrepreneurs.

vikendov-se-odrzha-8-to-izdanie-na-startap-vikend-skopje-01.jpg

И оваа година Startup Weekend беше организиран од тимот на Solveo, со поддршка од општествено одговорни компании од регионот.

Настанот им даде можност на 50 млади да го направат првиот чекор и да започнат свој бизнис за време на многу динамични 54 часа. 10-те тимови ги претворија своите идеи во реални бизниси со поддршка и помош од 28 ментори - искусни професионалци од различни области, кои ги насочија во правилна насока.

vikendov-se-odrzha-8-to-izdanie-na-startap-vikend-skopje-02.jpg

Настанот започна во петок со обраќање на фасилитаторот Martin Andrle, претставникот на Techstars кој гостуваше од Република Чешка. Потоа учесниците ги презентираа своите идеи, и 10 од нив беа изгласани како најдобри и продолжија да се разработуваат во текот на викендот. На самиот настан имаше и две менторските сесии, во сабота и недела, преку кои тимовите добија совети за правните регулации, развивање бизнис модел, маркетинг и дизајн и секако, презентирање на нивните решенија.

На финалето на настанот во недела, тимовите ги презентираа своите финални решенија пред стручно жири, и беа прогласени победниците на годинешниот Стартап Викенд:

- Трето место освои тимот “Tree D”, со нивната бизнис идеја за холограми кои се употребуваат за маркетинг цели и во исто време го прочистуваат воздухот.

- Второ место освои тимот “Homade”, со нивната идеја за подготвување и достава на здрава готвена храна, во соработка со домаќинки и компании во регионот.

- Првото место го освои тимот “ SpaceUp” кои развија платформа за изнајмување на недвижнини, преку 3D фотографии од просторот и можност за поврзување со цимери.

vikendov-se-odrzha-8-to-izdanie-na-startap-vikend-skopje-03.jpg

Тимовите освоија вредни награди кои ќе им овозможат да продолжат да работат и развиваат своите решенија. Со заокружување на ова издание на Стартап Викенд покажавме дека кај нас има креативни и амбициозни луѓе кои се подготвени да направат нешто ново и да ги остварат своите соништа. Голема благодарност до сите ментори и судии кои доброволно се вклучија во настанот и им овозможија на учесниците да научат како да ги претворат своите идеи во решенија.

Исто така, овој настан беше беспрекорно реализиран благодарение на поддршката од сите спонзори: Solveo, Фонд за иновации и технолошки развој FITR, UNDP, Ratio Legal Services, MK Host, Semos, Пивара Скопје, LADNA, Шеф, Chunga Lunga, Пакет МК и Innothink.

Со големо задоволство и нетрпение го очекуваме Startup Weekend 2020!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg