Се одржа првиот музички хепенинг на покривот на Џевахир Скај Сити
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Doktor 03-06-2020


Се одржа првиот музички хепенинг на покривот на Џевахир Скај Сити

Со голема гледаност преку live stream преносот и атрактивните имиња од музичката сцена се одржа првиот музички хепенинг на покривот од една од кулите на Џевахир Скај Сити.

se-odrzha-prviot-muzichki-hepening-na-pokrivot-na-dzevahir-skaj-siti-01.jpg

Од 41от кат од кулата А, на висина од 130 метри Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff со своите изведби ги забавуваат граѓаните за време на празничниот викенд.

Единствениот музички настан, Cevahir Rooftop Live Music, можеше да се следи во живо преку преносот и понуди забава за граѓаните од целата држава што се вклучија. А покрај музичкото доживување, за сите што го следеа хепенингот понуди и единствено визуелно панорамско доживување на градот во мајското предвечерие.

se-odrzha-prviot-muzichki-hepening-na-pokrivot-na-dzevahir-skaj-siti-02.jpg

Во организацијата на овој уникатен музички настан учествуваа Општина Аеродром и Џевахир Скај Сити, а целта беше преку следење на музичкиот настан граѓаните да се приклучат на хепенингот и на овој начин, секој од својот дом иако одвоени, сепак заедно да поминат убава вечер во дружба и забава.

se-odrzha-prviot-muzichki-hepening-na-pokrivot-na-dzevahir-skaj-siti-03.jpg

se-odrzha-prviot-muzichki-hepening-na-pokrivot-na-dzevahir-skaj-siti-04.jpg

se-odrzha-prviot-muzichki-hepening-na-pokrivot-na-dzevahir-skaj-siti-05.jpg