Го најавуваме третото издание на официјалниот избор на Мажи на годината кај нас


Го најавуваме третото издание на официјалниот избор на Мажи на годината кај нас

01.09.2020, Скопје - Во година полна со предизвици, борбата за нормално функционирање на работите е најважна. Затоа и оваа година ќе ги славиме успесите на најуспешните мажи во нашата држава.

go-najavuvame-tretoto-izdanie-na-oficijalniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-kaj-nas-01.jpg

Официјално го најавуваме изборот на Мажи на годината за 2020 година кај нас, кој и оваа година традиционално ќе се одржи последната среда во месец Ноември или 25 ноември 2020 година.

„Иако се наоѓаме во исклучително тешка година, година која е комплетно различна и која едвај чекаме да помине, ние традиционално, ќе ги славиме најуспешните мажи и оваа 2020 година. Горди сме што успеавме да креираме настан, кој стана препознатлив белег на џентлмените, на мажите кои негуваат навики кои носат до успех, на хедонизмот, на општествената одговорност. Нашата цел е јасна, а таа е да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден позитивен имиџ во јавноста.” – изјавија од организаторите на официјалниот избор на Мажи на годината.

go-najavuvame-tretoto-izdanie-na-oficijalniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-kaj-nas-02.jpg

Мажи на годината е настан кој за прв пат се појави во 2018 година во организација на Фрајдеј Комуникации, и првиот специјализиран онлајн магазин кај нас www.friday.mk

Во изборот се вклучени голем број на докажани професионалци во разни области кои се дел од жири комисијата на официјалниот избор, како и целокупната јавност.

go-najavuvame-tretoto-izdanie-na-oficijalniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-kaj-nas-03.jpg

За маж на годината во 2018 година беше избран доктор Владимир Чадиковски, а во 2019 година Мислав Галер кој ја понесе титулата за маж странец, како и Божидар Јанковски, кој беше избран за Маж на годината во избор на организаторите. Помеѓу останатите добитници минатата година беа и Арсим Папранику, Енвер Малиќи, Стојанче Стоилов, Елиф Елмас, Владимир Стајиќ, Ненад Пантовски и Крис Поповски, Влатко Лозановски, Филип Ивановски, и Габриел Стибел.

go-najavuvame-tretoto-izdanie-na-oficijalniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-kaj-nas-04.jpg

Затоа, македонски џентлмени, засукајте ги ракавите оваа година, направете нешто кое ќе биде поттик за сите, нешто што ќе го препознае вашиот труд, и бидете дел од оваа престижна манифестација.

go-najavuvame-tretoto-izdanie-na-oficijalniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-kaj-nas-05.jpg

go-najavuvame-tretoto-izdanie-na-oficijalniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-kaj-nas-06.jpg

go-najavuvame-tretoto-izdanie-na-oficijalniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-kaj-nas-07.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg