Бела Ноќ годинава се одржува порано – погледнете ја програмата за 2020

Првата сабота од октомври секогаш беше резервирана за квалитетна, културна програма на Бела Ноќ, која се одржува на различни локации низ Скопје, а годинава настанот се поместува за 26 септември.

bela-nokj-godinava-se-odrzhuva-porano-poglednete-ja-programata-za-2020-01.jpg

И покрај пандемијата, многу настани се организираат во последниве 2 месеца, со цел да се искористат временските услови и да се овозможат културни настани за македонската публика, со почитување на правилата за заштита од вирусот.

Годинава Бела Ноќ се одржува на 26-ти септември, а граѓаните ќе имаат можност да бидат дел од богатата културна програма по 16-ти пат.

Изложба на алпинистката и академска сликарка Илина Арсова, театарски претстави, поетско читање, концерт посветен на песните кои успеале да ја обединат скопската публика се само дел од настаните во кои скопјани ќе можат да уживаат.

Задолжително е почитувањето на мерките за заштита, а програмата за Бела Ноќ 2020 погледнете ја во продолжение.

20:30 концерт @СЦ Борис Трајковски
*СКОПСКИ ЕВЕРГРИНИ - Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Дарио, Јаков Дренковски, Силви Бенд, Мики Јовановски Џафер, Фиц Студени Нозе, Венко Серафимов, Леа, Дупер во придружба Баги Биг Бенд???
(влез слободен, подигнување билети на билетара на Универзална сала и МКЦ)

18:00 концерт @MKЦ

*Ние сме Скопје! -ПМГ Колектив, Сетстат, Барум Барум, Галатеа, Роботек, Видиновски, Кантон6, Александар Велики, Искра, Светлост ???
(влез слободен, подигнување билети на МКЦ)

20:00 изложба @MKЦ галерија

*ретроспективна изложба во чест на Димитар Младеновски (1970-2007) 2020 годинa ?‍???

20:00 изложба @MKЦ галерија

*„п0вт0рн0 на 0“ - изложба на Илина Арсова ?‍???

20:00 - 00:00 изложба @Зелен ПАЗАР

*„ПАЗАР'т: кој се плаши од невидливата рака, ноќе?“ - групна изложба на 15 автори ?‍??‍???

19:00 театарска претстава @парк Ибни Пајко

*„Не ми го чепкај пивото!“ - театарска претстава, театар Златен Елец ?

20:30 театарска претстава @парк Ибни Пајко

*„ГА__2m__ЛЕБ“ (според „ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов) - испитна претстава на студентите на ФДУ ??‍??‍?

22:00 концерт @парк Ибни Пајко

*Зулу 3.4 - современ џез, музички концерт ???

23:00 концерт @парк Ибни Пајко

*Кабадајас - современ џез, музички концерт ???

22:00 перформанс @парк Ибни Пајко

*Food art Performance & Graphic lighted prints, Боттега Евенти ???

20:30 мултидимензионален перформанс @МСУ

*„Градот Убав“, поетски перформанс, придружен со пијано и изложба на мурали, Горазд Кени, Филип Димишковски и Андреј Павлов ???

21:00 музичко - драмски перформанс @МСУ

*„Боите во ноќта“, Ема Поповода и Ивана Павлаковиќ ?

22:30 концерт @МСУ

*„Урбана Симбиоза“ - Тринити стрингс ?⚡

20:00 изложба @ГТЦ

*групна изложба на 4 млади уметници, членови на ДЛУМ ???‍??‍?

20:00 концерт @ГТЦ

*„AVP Project“ - one man show, Антоние Весковски ??

21:00 концерт @ГТЦ

*ДУО Кларинети: Ѓоревски - Бакревски ??

20:00 поетско читање @Библиотека Браќа Миладиновци

*Поетско читање на новата генерација современи македонски поети ??

19:00 урбана интервенција @Архитектонски факултет

*„URBAN SNAKE EXPIRIENCE“ - crowdfunding кампања, проект за интервенција во дворот на студентски дом Гоце Делчев ??‍??‍?

20:30 филмска проекциja @Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
*филмска проекција на: „Лејдиб'рд“ (режија Грета Гервиг) и „Американската историја ИКС“ (режија Тони Кеј) ???

20:00 изложба @Даут Пашин Амам

*видеа од Колекцијата и одделните дела на авторите во сопственост на Национална галерија на РСМ ?
*„Карантински дневници“ - видеа на авотите изработени во текот на изолација од Ковид-19 ?

21:00 оперски концерт плато на @НОБ билети на билетара на НОБ
*концерт на првенката на НОБ, сопранот Славица Петровска Галиќ, со гости солисти, нејзини студенти низ годините ??

19:00 - 00:00 уметничка инсталација @парк Ибни пајко
*светлосна инсталација, автори: Андре Ѓеоргиевски и Ана Трајковска ??

19:00 - 00:00 уметничка инсталација @парк Ибни пајко
*уметничко инсталација, автор: Перо Кованцалиев ??

20:00 изложба @АРТ ХAБ
*групна изложба во АРТ ХАБ на уметници - членови на ДЛУМ ??

Ве замолуваме за време на настанот да се почитуваат мерките за заштита од корона вирус. ?2️⃣?

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg