„Пинокио“, „Офицер и шпион“ и „Проксима“ на викенд програмата на A1 Drive-in Cinema

Возбудлива програма нè очекува овој викенд на А1 Drive-in киното.

pinokio-oficer-i-shpion-i-proksima-na-vikend-programata-na-a1-drive-in-cinema-01.jpg

По проекциите на оскаровецот „Паразит“, семејната драма „Вистина“ и данскиот „Уште една тура“, овој викенд, почнувајќи од вечерва, посетителите ќе може да уживаат во уште три големи филмски наслови кои собраа повеќе десетици награди на голем број реномирани филмски фестивали.

Следната филмска проекција за вечерва, 2 октомври, е адаптацијата на класичната приказна за добропознатиот „Пинокио“ (Pinocchio) од 2019-та година, за најпознатата жива кукла на светот. Под режисерската палка на маестралниот Матео Гароне, можете да уживате и да ја доживеете визуелно, приказната која е прераскажана милион пати, но само еднаш вака, од седиштето на вашиот автомобил, со целиот комфор кој го нуди. Во улога на Џепето е неповторливиот оскаровец Роберто Бенини, кој несомнено и ќе ве разнежни, но и ќе ве насмее до солзи во неговата оригинална изведба на таткото и креаторот на оваа дрвена кукла.

pinokio-oficer-i-shpion-i-proksima-na-vikend-programata-na-a1-drive-in-cinema-03.jpg

Филмот „Пинокио“ има собрано 14 награди и 16 номинации на повеќе врвни филмски фестивали, меѓу кои и награди за режија, адаптирано сценарио, продукција, споредна улога за Роберто Бенини, но и за шминка, костимографија, визуелни ефекти итн. Сè на сè, комплетен филм обожуван и од возрасните и од децата кој дефинитивно вреди да се погледне.

Во сабота и во недела, пак, A1 Drive-in киното е резервирано за два одлични француски филма. Возбудливиот историски трилер „Офицер и шпион“ (An Officer and a Spy или J'accuse во оригинал, 2019), кој е најновото филмско остварување на еден од најдобрите режисери Роман Полански, ќе можете да го погледнете на 3 октомври, во сабота.

pinokio-oficer-i-shpion-i-proksima-na-vikend-programata-na-a1-drive-in-cinema-02.jpg

Филмот раскажува приказна од 1894 година за францускиот капетан Алфред Драјфус кој е неосновано осуден за предавство и осуден на доживотен затвор. Овој филм, исто како и „Вистина“ кој се прикажа на 30 септември на А1 Drive-in киното, беше во главната компетиција за Златен лав на 76. Венециски филмски фестивал, а пак Роман Полански ја понесе наградата од главното жири, како и награда за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Наредниот ден, на 4 октомври во недела, на репертоарот е акционата драма „Проксима“ (Proxima, 2019) од англиско-француско говорно подрачје.

pinokio-oficer-i-shpion-i-proksima-na-vikend-programata-na-a1-drive-in-cinema-04.jpg

Тој ја следи приказната на астронаутката Сара (во улога на Ева Грин), која се подготвува за едногодишна мисија на Меѓународната вселенска станица и бурата од емоции кога таа треба ја напушти својата 8-годишна ќерка Стела. Искрен, интимен, приземен филм со неверојатна приказна која ќе ви ја пренесе пораката дека иако луѓето се стремат да ги достигнат ѕвездите, главните „ѕвезди“ што треба да се достигнат се токму луѓето и нештата на Земјата.

Па, подгответе се за возбудлив викенд на A1 Drive-in Cinema на паркингот на А1 Арената (СЦ Борис Трајковски) и не заборавајте: проекциите почнуваат точно во 21 часот!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg