Денес на Школка - Кино на отворено со Скопје ЗОО

Денес (05.10), со почеток од 18:30 се дружиме во Градски Парк на Школка и уживаме во кино на отворено.

denes-na-shkolka-kino-na-otvoreno-so-skopje-zoo-.jpg

Во соработка со MFC MK, за вас го подготвивме возбудливиот анимиран филм „Тајниот агент Мјау“. Во оваа авантура главна улога има размазената мачка Марни која живее како принцеза, а нејзината сопственичка Розалинда ја размазува како дете. По наредба на злобниот брат на Розалинда, Марни е оставена во непознат свет, каде запознава нови другари и тука започнува нејзиното патешествие да се врати дома. Филмот е базиран на приказна од браќата Грим.

denes-na-shkolka-kino-na-otvoreno-so-skopje-zoo-02.jpg

Настанот ќе се одвива според здравствени протоколи, влезот е бесплатен, а пред Школка ќе бидат поставени столчиња од каде што безбедно ќе може да се следи филмот.

Тука се и нашите пријатели- Бусто, Вива и Пелистерка кои подготвија подароци за сите посетители. Се гледаме во понеделник на „Тајниот агент Мјау“ - кино на отворено во организација на Зоо Скопје.

denes-na-shkolka-kino-na-otvoreno-so-skopje-zoo-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg