Театар Комедија започнува со работа - во какви услови ќе се изведуваат претставите?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Театар Комедија започнува со работа - во какви услови ќе се изведуваат претставите?

По долга пауза насмевките повторно ќе ни бидат сервирани на сцената на Театар Комедија. Во која претстава ќе можеме да ги гледаме Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски и останатите актери од овој театар?

teatar-komedija-zapochnuva-so-rabota-vo-kakvi-uslovi-kje-se-izveduvaat-pretstavite-01.jpg

Театар Комедија објави дека ги отвора вратите за посетителите, во согласност со протоколите.

На 4 и 5 февруари (четврток и петок) на големата сцена во Театар Комедија ќе се изведува претставата „На отворено“ во режија на Андреј Цветановски (играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски и Тони Денковски).

teatar-komedija-zapochnuva-so-rabota-vo-kakvi-uslovi-kje-se-izveduvaat-pretstavite-03.jpg

Поради актуелната состојба, билетите за овие две изведби ќе може да се резервираат само телефонски во билетарницата на Театар Комедија и да се подигнат порано.

teatar-komedija-zapochnuva-so-rabota-vo-kakvi-uslovi-kje-se-izveduvaat-pretstavite-04.png

Во театарот се обезбедени сите услови за безбедно следење на претставите. Поради специфичноста на протоколите, одговорните од театарот замолуваат да бидете навремени за подигнувањето на билетите и сместувањето во публика.

teatar-komedija-zapochnuva-so-rabota-vo-kakvi-uslovi-kje-se-izveduvaat-pretstavite-02.png

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg