„Сајбербулинг (не) е новото нормално“ – пријавете се на онлајн дискусија со Миа Костова, Огнен Јанески и Билјана Настовска
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


„Сајбербулинг (не) е новото нормално“ – пријавете се на онлајн дискусија со Миа Костова, Огнен Јанески и Билјана Настовска

На 24-ти февруари ќе се одржи онлајн дискусија со наслов „Cyberbullying is (not) the new normal“, која ќе се фокусира на негативната страна на технологијата, односно сабјербулингот. Во дискусијата ќе учествуваат Миа Костова, Огнен Јанески и Билјана Настовска, а настанот ќе се одржува преку платформата ZOOM, со почеток од 19 часот.

sajberbuling-ne-e-novoto-normalno-prijavete-se-na-onlajn-diskusija-so-mia-kostova-ognen-janeski-i-biljana-nastovska-01.jpg

Настанот е организиран од Girl Up Skopje, невладина организација чија главна мисија е поддржување и зајакнување на девојчињата.

Во соопштението објавено од организацијата стои:

„Без сомнение, технологијата има многу придобивки, но сепак тие доаѓаат и со негативна страна во која се раѓа интернет насилството или познато како Cyberbullying.

Те предизвикуваме да започнеш промена, најпрво од себе а потоа и кај другите околу себе. Од срце ве покануваме на уште една наша онлајн дискусија која ќе се одржи на 24-ти февруари во 19:00 часот преку Zoom платформата. Дискусијата со наслов „Cyberbullying is (not) the new normal” ќе се фокусира на теми со кои повеќето млади се имаат засегнато во својот живот, но особено и случаите кои беа актуелни во нашата држава.

Нашата цел е да ги поттикнеме младите доколку имаат таков вид на проблеми и им е потребна помош или совет, да не се воздржуваат и отворено да зборуваат за тоа, а во меѓувреме да не дозволат да им се наруши психичката благосостојба. Гости на оваа дискусија се Огнен Јанески, Билјана Настовска и Миа Костова. Те предизвикуваме да започнеш промена!

Girl Up е невладина организација чија главна мисија е поддржување и зајакнување на девојчињата.
Во партнерство со Обединетите нации, работиме на програми кои ќе им помогнат на девојчињата да напредуваат и да ги имаат сите потребни алакти и вештини за да се успешни во својата заедница, а и пошироко.

***Работилницата ќе се оддржува онлајн, преку ZOOM платформата, на 24.02.2021 во 19:00 часот“.

ТУКА можете да се пријавите на виртуелниот настан.

unnamed.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg