„Не ви треба ковид-пасош, само фотелја“: Најава за пандемиско издание на Златна Бубамара на популарноста

Во време на пандемија на сите ни е потребна доза позитива каква што Златна Бубамара секоја година ни нуди, а за оваа година, знаеме дека сигурно ќе има многу материјал за хумор - во недела бидете пред ТВ екраните.

ne-vi-treba-kovid-pasosh-samo-fotelja-najava-za-pandemisko-izdanie-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-01.jpgФото: Фејсбук

За жал, оваа година не можеме да присуствуваме во живо на популарниот настан кој сите со нетрпение го очекуваат, но барем времето поминато во полициски час ќе ни биде одлично пополнето оваа недела.

28 март, недела, на Канал 5 телевизија во 20 часот ќе се емитува пандемиското издание на Златна Бубамара. 

ne-vi-treba-kovid-pasosh-samo-fotelja-najava-za-pandemisko-izdanie-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2.jpgфото: Ласко Џуровски

„Под мотото „И ова ќе го преживееме“, манифестацијата прави пресек на изминатата 2020 година, обединувајки ги најпопуларните музичари и уметници од земјава и од регионот околу идејата – големата заедничка 3-часовна забава, замислена како прослава на радоста на живеењето, да им се посвети на здравствените работници и на севкупниот медицински персонал, кои се вистинските херои на новото време.

На манифестацијата ќе бидат доделени награди во повеќе традиционални категории, а годината, таква како што беше, наложи и неколку нови категории – како, на пример, најоптимистички хит на годината, пандемиски хит и др.

Бидете одговорни, останете дома и гледајте Златна Бубамара во недела, 28 март, на Канал 5. Буба мара за здравје и на здравје! Подобро-здравје!“ - стои во официјалното соопштение.

Потсетете се на: Стоечки овации за Медена земја, спектакуларни настапи - Најдобри моменти од Златна Бубамара 2020 (фото)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg