Зелените покриви во јуни полни со културни настани
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Зелените покриви во јуни полни со културни настани

Скопје, 03.06.2021 година - Зелените покриви во центарот на Скопје, покрај тоа што придонесуваат за разладување и спуштање на жешките летни температури во градот, како и за намалување на загадувањето во воздухот, периодов стануваат дестинација за голем број различни културни настани.

zelenite-pokrivi-vo-juni-polni-so-kulturni-nastani-01.jpg

Овие зелени градини месецов ќе бидат исполнети со голем број културни содржини. Богатата и разновидна културна програма е составена од филмски проекции, музички концерти и театар на отворено.

На зелениот покрив на Дом на градежниците, МКЦ утре организира музичка програма и кино на отворено. Во 19 часот со Диџеј сет ќе настапи Фиц (Студени нозе), а во 21 часот е проекцијата на филмот „The Happiness Effect“ од режисерот Борјан Зафировски.

zelenite-pokrivi-vo-juni-polni-so-kulturni-nastani-02.jpg

Влезот е слободен, со претходно подигнат бесплатен билет преку bileti.mkc.mk. Настанот ќе бидат реализиран според протоколот за организирање настани на отворен простор.

На зелениот покрив на ГТЦ, следниот викенд ќе се одржи настанот „Театарски викенд на отворено“ во организација на Театар Комедија и ГТЦ. На репертоарот се претставите: ,,Вечера за глупаци“ (11 јуни, петок), ,,На отворено“ (12 јуни, сабота) и ,,Чао пријатно!“ (13 јуни, недела). Претставите ќе се играат на отворени сцени лоцирани кај петтата фасада на ГТЦ и на Зелениот покрив на ГТЦ, со почеток во 21 часот, со запазени мерки за одржување настани на отворено. Билетите за настанот се веќе во продажба, а ќе може да се купат од од билетарницата на Театар Комедија (секој ден од 10 до 18 часот).

zelenite-pokrivi-vo-juni-polni-so-kulturni-nastani-03.jpg

Богатата културна програма на зелените покриви во центарот на градот ќе продолжи и во наредниот период, a заинтересираните граѓани и посетителите ќе имаат можност да уживаат и да поминуваат пријатни летни мигови во овие нови урбани оази.

zelenite-pokrivi-vo-juni-polni-so-kulturni-nastani-04.jpg

zelenite-pokrivi-vo-juni-polni-so-kulturni-nastani-05.jpg

zelenite-pokrivi-vo-juni-polni-so-kulturni-nastani-06.jpg

zelenite-pokrivi-vo-juni-polni-so-kulturni-nastani-07.jpg

zelenite-pokrivi-vo-juni-polni-so-kulturni-nastani-8.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg