Кино Ан - Филм и музика под отворено небо

По повод одбележувањето на 30-годишнината од независноста на нашата држава, компанијата за организација на настани KLS EVENTS во претстојниот викенд (6-8 август 2021) организира тридневен настан „Кино ан“ - Филм и музика под отворено небо.

kino-an-film-i-muzika-pod-otvoreno-nebo-01.jpg

На голем екран ќе бидат прикажани култни македонски филмови кои ги одбележаа годините на независноста, а веднаш после проекцијата следува концертен настап на домашни музички групи:

Програма:

06.08.2021

Филм: Балканкан, 2005, Дарко Митревски, најгледаниот македонски филм

Концерт: Стринг форсис

Резервација на влезници: www.weezevent.com/-4330

07.08.2021

Филм: Панкот не е мртов, 2011, Владимир Блажевски

Концерт: Бени &Нон-стоп

Резервација на влезници:www.weezevent.com/3-8

08.08.2021

Филм: Џипсимеџик, 1997, Столе Попов

Концерт: Чалгија саунд систем

Резервација на влезници: www.weezevent.com/-4377

Проекциите започнуваат во 20:30 часот, а концертите во 22:30 часот. Влезот е бесплатен, но заради запазување на протоколите и бројот на присутни, потребна е резервација на билетите на дадените линкови. Бројот на присутни е ограничен, поради почитување на тековните КОВИД протоколи.

Настанот „Кино-Ан“ e дел од проектот - „Мултимедијален фестивал Блесок“, проектот е поддржан од владата на РСМ.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg