CRNOBELO.com на Exit во Нови Сад – Констракта ја забавуваше публиката на последниот ден од фестивалот (фото)

Со бројни познати изведувачи, вклувајќи ја и српската евровизиска претставничка Констракта, заврши овогодишното издание на фестивалот Exit во Нови Сад.

crnobelo-com-na-exit-vo-novi-sad-konstrakta-ja-zabavuvashe-publikata-na-posledniot-den-od-festivalot-foto-01.jpg

Заврши уште едно издание на музичкиот фестивал Exit, а на последниот ден на главната бина застана и српската евровизиска претставничка Констракта.

Публиката на цел глас ја пееше веќе култната In Corpore Sano, а Констракта истакна дека таа првиот домашен артист кој настапил како „хедлајнер“ на фестивалот.

Како и претходните денови, забавата траеше до раните утрински часови, а присутните имаа можност да уживаат во изведбите на бројни познати артисти од целиот свет.

CRNOBELO.com ви ја пренесува атмосферата од четвртиот (и последен) ден од овогодишното издание на популарниот музички фестивал:

фото: Никола Спасеноски

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg