Отворање на јубилејните 60-ти Денови на македонска фотографија на 1 октомври во Скопје

Фото сојуз на Македонија ве поканува на отворањето на јубилејните 60-ти Денови на македонска фотографија на 1 октомври (сабота) во Културно информативниот центар – КИЦ во Скопје, со почеток од 19:30 часот.

otvoranje-na-jubilejnite-60-ti-denovi-na-makedonska-fotografija-na-1-oktomvri-vo-skopje-01.jpg

На изложбата ќе можат да се погледнат сите 101 примени и 28 наградени фотографии, одбрани од стручното фотографско жири, Боро Рудиќ, Цветан Гавровски и Владимир Арсовски. Доделувањето на наградите ќе биде во склоп на отворањето на изложбата.

Исто така оваа година ќе имате можност за првпат да погледнете проекција на фотографии од македонски автори во период од 1940-1980 година. Меѓу застапените автори се великаните на македонска фотографија: Благоја Дрнков, Живко Јаневски, Александар Цветиновски, Лазо Величковски, Владимир Плавевски, Роберт Јаки и други.

Изложбата оваа година е дел од манифестацијата Бела Ноќ и е поддржана од Министерство за култура како проект од национален интерес.

Ве очекуваме.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg