95-титe Оскари® во недела ексклузивно на МРТ

Македонската Радио Телевизија ексклузивно ќе го емитува 95-то доделување на Оскарите в недела, 12-ти март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2022 година.

95-tite-oskari-vo-nedela-ekskluzivno-na-mrt-01.jpg

Научно фантастичната авантура „Сè во исто време“ има 11 номинации, по девет номинации добија антивоената драма „На запад ништо ново“ и црната трагикомедија „Духови на островот“, додека полуавтобиграфската драма „Фабелманови“ освои седум номинации.

На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Меѓу нив се Харисон Форд, Никол Кидман, Хали Бери, Џон Траволта, Риз Ахмед, Антонио Бандерас, Салма Хајек Пино, Џесика Честејн, Зои Салдана, Хју Грант, Глен Клоуз, Ева Лонгориа.

Џими Кимел по трет пат ќе биде водител на Оскаровската церемонија.

Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби® во Овејшн Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот.

В недела во 21.30 на МТВ1 започнува емисијата „Во кадар“ посветена на наградите Оскар, а од 22.25 следи филмот добитник на 8 Оскари „Милионер од гетото“.

Ноќта на Оскарите ќе започне 20 минути по полноќ, со пренос од Црвената патека.

95-та Оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ.

Скратена снимка од 95-те Оскари® ќе се емитува во вторник во 21.15 на МТВ 1.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg