Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13.ти октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Извонреден прием со преполно гледалиште, многу смеа и апалаузи имаше синоќа „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на Сараевскиот филмски фестивал.
Од алтернативна сцена и скејтбординг култура низ улиците на Крива Паланка до украинска уметност во Битола, онлајн квизови, работилници низ Велес и музички фестивал во Струмица, Меѓународниот ден на младите оваа година личеше на национален празник! Мрежата на Europe House како главен организатор на оваа прослава, беше иницијатор на серија активности низ различни градови, кои ја истакнаа енергијата и креативноста на помладата генерација.
Дојран беше местото каде се одржа третиот од серијата јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна - Остави трага“. Во рамките на мултимедијалниот настан за подигнување на јавната свест во локалната заедница...
Овој петок, 21-ви јули, во рамки на проектот „Џез во Центарот“ во кафе книжарница „Буква“ со концерт во живо ќе настапат реномираните домашни автори и изведувачи, бендот КАНТОН6 и Глигор Кондовски, музичари кои соработуваат и издаваат за дискографската куќа ПМГ Рекордингс/ПМГ Џез.
Кратово, 10.07.2023 – Културните подвизи се секогаш дел од мостот кон зачувувањето на идентитетот, а љубовта кон македонската музика и поддршката на македонските автори е еден од главните столбови од тој културен мост.
И оваа година, од 14-ти до 16-ти јули, Галичник, лоциран на живописните предели на планината Бистра, ќе биде домаќин на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. Пивара Скопје, СКОПСКО и останатите нејзини брендови остануваат дел од „Галичка свадба“, со што продолжува партнерството кое непрекинато трае од самите почетоци на манифестацијата.
На 03.07.2023 во Центар за култура Битола, се одржа Свечена Академија по повод 10 години од возобновувањето на Камерен Оркестар на Битола.
ПроКредит банка, во соработка со фотографот Велиан Јагев, ве поканува на „ИЗЛОЖБА И АУКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПТИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“, која ќе се одржи на 27 јуни (вторник) од 19 часот до 21 часот, во просториите на Централна Управа на ПроКредит банка.
На 25-ти јуни по вторпат на Скопје ќе му се случи фестивалот „Модерно Скопје“ и тоа во срцето на Градскиот парк со главна бина на „Школка“, каде што ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.
Неодамна во Хотел Русија се одржа еден уникатен настан во живо, Coffee with Maya Live на кој присуствуваа 70 луѓе.
Оваа година Битолско културно лето започнува на 23 јуни во 21.00 часот во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан наречен „Вива Верди“.
Секое дете кое ќе ја помине целта е победник и секое дете за нас е супер херој, гласеа пораките на кампањата која организаторот, етаблираната трка Трчај бе ја водеше последниот месец, со цел да ги поттикне децата од најмала возраст да се заразат со вистински нешта и здрави навики и да ги пријават родителите на првата детска трка.
„Животот е убав“ е насловен традиционалниот концерт на Македонската филхармонија во Градскиот парк, кој годинава ќе се одржи на 15 јуни (четврток) во 21 часот.
Многу фотографии од настанот „Крушево – град на култура 2023“ и уште поубави спомени од градот на 1.250 метри надморска височина.
Ова лето вреди да го посетите „Пикник у Пелинце“ – целодневниот музички фестивал со многу забава, кој веќе станува традиционален настан во Куманово.
„Солистката Тамара Грујеска, поддржана од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставува земјава на Јуниорскиот Евросонг 2023 година, кој ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција“, известуваат од Македонската радио-телевизија.
Изложбата Во Цут - на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 18 Мај 2023 г. во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, локација: Парк на Франкофонијата со почеток во 18:30 часот.