Федерико Анцелоти, еден од најдобрите слаткари на светот, денес во хотел Лимак во Скопје, во присуство на повеќе од 130 готвачи и слаткари, одржа мастерклас со што се означи почетокот на Неделата на италијанска кујна.
Во улога на водители на настанот, кој воедно ќе биде и музичко патување низ времето и одлична можност да се потсетиме на некогашните големи хитови и музички имиња кои одамна не сме ги виделе на сцената, ќе се појават Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Миа Костова и Мартин Трпчевски.
Скопје, во знак на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, деновиве се подготвува за инспиративна архитектонска изложба. Изложбата произлезе од конкурсот „Скопје на новата генерација“, организирана од страна на Јуроп Хаус Скопје.
Денеска во Скопје се одржува конференција за Здравство, насловена како „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“, организирана од страна на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам). На неа свое учество зедоа релевантни креатори на јавните политики, домашни и меѓународни експерти, претставници од корпоративниот сектор, чинители од невладиниот сектор, како и стручни лица од академската заедница.
Актерот и стендап комичар, Бојан Велевски периодов е многу активен на територијата на речиси цела Македонија. Имено, во тек е стендап турнејата на Велевски, насловена како „Све ли ја да мислам“, со која досега успеа да насмее илјадници присутни.
Координаторот на проектот Ракомет За Секое Дете, Горан Ѓоргоноски, ќе биде учесник на втората конференција Handball Talks, со работен наслов "Ракомет, утре", во организација на најпознатиот регионален портал, Балкан Хендбал со техничка поддршка на Ракометен клуб Нексе од Нашице, која ќе се одржи на 3 и 4 Ноември во Нашице.
Вчеравечер, најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“ го прослави својот 16-ти роденден. Роденденската прослава беше во хотел „Холидеј Ин“, а на истата присуствуваше цела македонска и балканска естрада.
Овие денови, Скопје е домаќин на неколку домашни и меѓународни тапанари, кои ќе бидат дел од четвртото издание на Скопје драм фестивал. Организаторите направија разновидна програма – спој на музика, едукација и споделување искуства од регионот и Европа.
СКОПЈЕ, 26.10.2023: Со помалку од месец дена до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 14 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со клучни говори, панел дискусии и неформални разговори за интеграцијата на вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во областа на е-трговијата. Учесниците ќе имаат ексклузивната можност да научат од интернационалните и домашните индустриски пионери и лидери кои ефективно ја искористиле вештачката интелигенција за да ја забрзаат својата успешност во онлајн трговијата.
Чест ни е да Ви го претставиме овогодинешниот настан - "Не е сѐ во брзината!” кој ќе се оддржи по 6ти пат.
Неодамна во Грузија првпат се одржа изборот за убавина Miss Top Model Earth, а две Македонки освоија титули.
Има една многу тешка борба. Ја водат херои и хероини. Патот им е послан со трња, но целта им е светост и не постои пречка која ќе ги запре.
“Љубовна терапија” е најновата претстава на Театар Куманово, која своја премиера имаше во склоп на Денови на Комедија. Кумановчани се познати по смисла за хумор , но и можноста тоа да го изведат на сцена.
Како што веќе и најавивме, по неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик за почетокот на следната, 2024 година, го закажа големиот скопски концерт на една од најпопуларните ѕвезди на овие простори - Јелена Розга, која во рамки на турнејата „Минут срца мог“ на 10 февруари ќе настапи пред публиката во арената „Борис Трајковски“!
По успешните пет години на Мажи на Годината во Македонија, организаторите од Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации го најавија и 6тото издание на официјалниот избор на најуспешните мажи во Македонија за 2023 година кој ќе се одржи на 29.11.2023 година.
„Кино Љубов“ е исклучително интересна приказна раскажана со голема умешност а низ малку кадри. По проекциите во повеќе држави и учеството на бројни фестивали утре ќе ја доживее својата македонска премиера.
Музичкиот фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13.ти октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Утре во 17:00 на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ започнува тринаесетото издание на фестивалот на виното- „ВиноСкоп“.