Next Generation провокација за футуриситите, иноваторите и стартапите од Македонија...
Сите љубители на здравите, убави детски насмевки имаат можност во периодот од денес па сѐ до 30-ти јуни, со купување на своите омилени Orbit гуми за џвакање да придонесат за поуспешно реализирање на детскиот дентален едукативен караван...
Под мотото MAY THE 4th BE WITH YOU, во знакот на хит серијалот „Стар Ворс“, на 4-ти мај Дистрикт бар и ресторан организираше ексклузивна прослава за официјалното отворање на терасата на ресторанот.
Во недела, на 7 ми мај, со почеток од 12:00ч во арт – кафето„ Концепт 37“ по трет пат ќе се одржи продажба и размена на грамофонски плочи / винили...
ИАЕСТЕ Македонија е студентска волонтерска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети веќе 24 години. Преку ИАЕСТЕ студентите при сите државни универзитити ширум државата добиваат шанса да стапат во контакт со некои...
Првиот Thessaloniki Street Food Festival ќе се одржи на 29 и 30 Април во Town Hall, под покровителство на градот Солун. Разни видови на кујни, посетителите ќе може да вкусат уште од рано наутро, па се до доцните часови. Ангажирани се локални диџеи да ги забавуваат гостите од целиот Балкан...
Во исчекување на второто издание на SHOWTIME - единствената конференција во Македонија, за трендови во евент индустријата, која ќе се одржи на 30ти мај, во Skopje Marriott Hotel, покрај исклучителните интернационални говорници, ви споделуваме уште една причина поради која не смеете да ја пропуштите оваа конференција - Showtime Awards!
На 25 април, вторник, по трет пат, ќе се оддржи Сеавус CodeTalks во Скопје. Настанот ќе се оддржи во Сеавус, со почеток во 18 часот, а влезот е слободен...
Под мотото на Светската Федерација за Хемофилија - „Слушнете го нашиот глас“, Здружението на хемофиличарите на Македонија заедно со Фудбалската Федерација на Македонија се придружија кон глобалното одбележување на СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХЕМОФИЛИЈАТА, кој во светот се одбележува традиционално на 17 април.
Македонските бендови „Ареа“, „ПМГ колектив“, „Фанк шуи“, „Кара“ и „Линколн летер“ утре (12 април) во 19 часот ќе настапат на хуманитарниот концерт Teenage Riot кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје. Парите собрани од продажбата на влезници ќе бидат наменети за Центарот на поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. Концертот е во организација на средношколците од меѓународното училиште „Нова“ и е во рамки на програмата „Црвен крст во акција - промоција на хумани вредности“.
Доаѓа делот од годината кога матурантите стојат пред големата одлука за тоа каде да го продолжат образованиетo и кој факултет да биде одлучувачкиот фактор во исцртувањето на нивната професионална надоградба. Глобализацијата сè повеќе ги отвора портите кон светот и младите непречено можат да патуваат и да го продолжат своето образование и надовр од својата земја. Се разбира таквата одлука носи свои предности но и недостатоци. Вештината да се препознаат сопствените капацитети и очекувања ја има главната улога во донесувањето на оваа клучна одлука.
И оваа година Skopje City Mall ќе го одбележи Денот на шегата со многу забава и избор за најубава маска. На 1-ви април, сабота, во нашиот најголем трговски центар ќе биде поставено катче каде што сите маскирани ќе имаат можност да...
Десетото јубилејно Првенство на бармени во Македонија, оваа година ќе се одржи на 28 март во Marriott Хотел. Триесетина бармени од цела Македонија ќе се обидат да ја освојат титулата и да не претставуваат на Светското првенство на бармени во Копенхаген, Данска.
Постои едно нешто што е заедничко за сите студенти ширум светот: нивниот скриен уметнички талент се истакнува преку чкртање во текот на предавањата, а се почнува со основниот прибор, молив и лист. Уметноста во нејзиното најдобро издание ќе се случи по трет пат во Македонија, како дел од светскиот настан Red Bull Doodle Art...
Со полна пареа се одвиваат последните подготовки пред овогодинешното, #воншаблон-ско издание на Fashion & Lifestyle Expo, кое и оваа година ќе се одржува во фоајето на Македонската опера и балет, од 29ти до 31ви март...
Студентската организација ЕЕСТЕК во склоп на својот проект наречен ЕЕСТЕК Академија организира 4-ти модул посветен на 3D анимација, кој ќе се одржи од 3-ти до 13-ти април во просториите на ФИНКИ и истиот ќе биде реализиран преку 5 предавања и вежби.
Во рамките на манифестацијата „Денови на Франкофонијата во Македонија“, ресторанот Дистрикт организира и Денови на француската кујна при кои ќе се презентираат богатиот француски вкус и префинетата француска гастрономија.
Инициран од неформалната група на граѓан(к)и „Од нула до нула“, на 20 март (понеделник) во Скопје ќе се случи настанот „Беа Џонсон во Скопје: Како до една тегла ѓубре годишно?“. Осмислен како прва во низата активности коишто ќе имаат за цел да го доближат концептот...