„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија

Отпадот се движи поради струите во океанот и сега, според неколку истражувања, „островот“ зафаќа површина од дури 1,6 милиони километри.

За споредба, површината на Македонија е околу 25.700 километри квадратни, односно околу 60 пати помала од депонијата во Тихиот Океан.

На видеото во продолжение е претставено како се формираат ваквите пловечки депонии или „острови“ од ѓубре во океаните под влијание на струите:

„Островот“ всушност претставува две депонии кои се простираат од Западниот Брег на САД, сè до Јапонија.

Поделен е не а западна (во близина на Јапонија) и источна депонија (помеѓу Хаваи и Калифорнија).

Западната депонија е сконцентрирана во вителот во западниот дел на океанот, додека источната во вителот во источниот дел.

najgolemata-deponija-vo-svetot-se-naogja-vo-tihiot-okean-ostrov-od-gjubre-zafakja-povrshina-60-pati-pogolema-od-makedonija-6.jpg

Се проценува дека во океанската депонија има над 70.000 тони пластика, од која над 90% е микропластика, што е многу поопасна.

Низ океаните има и други пловечки депонии кои се формираат на сличен начин, под влијание на океанските струи и ветрови, но оној во Тихиот Океан е најголем.

Засега се верува дека депонијата не претставува многу сериозен проблем, но доколку продолжи да се зголемува, и ние луѓето ќе ги чувствуваме ефектите.

najgolemata-deponija-vo-svetot-se-naogja-vo-tihiot-okean-ostrov-od-gjubre-zafakja-povrshina-60-pati-pogolema-od-makedonija-7.JPG

Морските животни ја јадат микропластиката во океаните, а со тоа значи дека ја внесуваме и ние.

Всушност, веќе е пронајдена микропластика и во нашите тела, но допрва ќе откриваме кои последици ќе ги чувствуваме од неа.

Досега имало неколку експедиции во обид да се исчисти депонијата во Тихиот Океан, но и другите мориња и океани.

Отстранети се илјадници килограми отпад, вклучувајќи и пластика, а се верува дека наскоро ќе се собира повеќе отпад отколку што се фрла во океаните.

Што значи, постои шанса океанските депонии да почнат да се намалуваат.

najgolemata-deponija-vo-svetot-se-naogja-vo-tihiot-okean-ostrov-od-gjubre-zafakja-povrshina-60-pati-pogolema-od-makedonija-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава