Огромна експлозија на ракета на Илон Маск – јавноста го критикува за уште еден неуспешен тест (фото+видео)
Во Тексас се случи огромна експлозија на ракета на SpaceX за време на рутински тест, поради што Илон Маск повторно се соочи со критики за многуте пропусти и експлозиите кои стануваат сè почести за време на тестирањето на неговиот ракетен систем, со кој планира да го врати човекот на Месечината, но и да ја колонизира Марс.

Пред неколку часа, во Тексас експлодира ракета на SpaceX – вселенската компанија на Илон Маск – за време на рутински тест.
Експлозијата се случи утрово околу 6 часот наутро, односно, според американско време, во 23:00 часот на 18-ти јуни.
Станува збор за ракетата Starship 36, која беше тестирана за неколку идни вселенски мисии.
Ракетниот систем Starship развиен од SpaceX уште е во фаза на тестирање, а во план е да се искористи за мисија до Месечината со екипаж, но и поамбициозна мисија – колонизирање на Марс.
Ракетата што експлодира, Starship 36, е еден од неколкуте прототипови, а експлозијата настанала за време на рутински тест за статичко тестирање на моторите.
За време на овој тест, моторите на ракетата се палат, но таа не полетува, со цел да се провери дали работат правилно и дали систем системи функционираат како што треба.
Но, како што споделија од SpaceX, настанала аномалија која доведе до огромна експлозија.
Во објава на Твитер, од SpaceX откриваат дека нивните вработени се безбедни, како и дека од експлозијата нема опасност за луѓето кои живеат во непосредна близина на местото за лансирање.
Веднаш по експлозијата беа забележани и против пожарни возила, а од SpaceX апелираат никој да не се приближува до местото на експлозијата додека не завршат безбедносните проверки.
Ова не е прва експлозија на прототип на Starship ракета на SpaceX – и во март годинава имаше експлозија, но кратко по лансирањето.
Претходно, во јануари, имаше уште една експлозија исто така по лансирањето.
Поради честите инциденти, некои веќе го критикуваат Илон Маск дека има нереалистични цели и замисли во врска со вселенските патувања.
Тестовите се изведуваат без екипаж и, за среќа, нема жртви и повредени, но некои сметаат дека кога ќе дојде ред за мисија со екипаж, нивната безбедност ќе биде многу загрозена, ако се земат предвид сите пропусти на SpaceX годинава.
Некои, пак, велат дека тестирањата на SpaceX се само залудно потрошени ресурси, особено откако компанијата доби неколку милијарди долари во договори со владата на САД и НАСА.
Но, Илон Маск стои на ставот дека сите замисли се остварливи, како и дека „од грешките се учи“. Засега, милијардерот се нема огласено за последната експлозија.