Јапонски сателит на небото ќе пишува пораки со Морзеова азбука

japonski-satelit-na-neboto-ke-pisuva-poraki-so-morzeova-azbuka

Во безпилотно јапонско летало, кое неодамна слета на Меѓународната вселенска станица, се наоѓаат неколку мали сателити.

Еден од нив наскоро на небото ќе почне да испишува пораки со Морзеовиот код.

Малиот сателит FITSAT-1, познат како „cubesat, со помош на неодимскиот магнет цели време ќе биде свртен кон Земјата, а системот од ЛЕД светла на небото ќе испишува низа од точки и цртички. Сателитот е тежок 1,33 кг,пренесува „Gizmodo“.

Целта на проектот е да изведе некои експерименти со оптичка комуникација при големи брзини.

Експериментот ќе трае три минути, а за тоа време сателитот ќе го следат голема мрежа од телескопи на Институтот за технологија во Фукуоки.

Според зборовите на Такуши Танака, водач на проектот, светлосниот код би требало да биде видлив и со голо око.

FITSAT-1 од Меѓународната вселенска станица ќе замине на своето патување на 6 септември.

30.07.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...

Најчитани неделава